Соопштенија

Септември 2026 • 17

Архива

Изберете година и месец

Уставниот суд домаќин на регионална конференција за зголемување на јавната доверба во уставните судови
15/09/2026
Уставниот суд во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), на 16 и 17 септември 2026 година, во Охрид ќе ја одржи регионалната конференција со централна тема „Како да се зголеми довербата на јавноста во уставните судови“. Во фокусот на конференцијата е градењето и зајакнувањето на јавната доверба во уставните судови, со посебен […]
Соопштенија
Павловска-Данева: Интерпретативните одлуки се важен чекор кон развојот на современата уставно-судска практика 
14/09/2026
Судијката на Уставниот суд, проф. д-р Ана Павловска-Данева, денеска учествуваше на конференцијата посветана на „Основни принципи на правото врз примерот на Основниот закон на Сојузна Република Германија и Уставот на Република Северна Македонија“. Настанот е организиран по повод основањето на Центарот за германско право при Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ […]
Соопштенија
Честитка од претседателот д-р Дарко Костадиновски по повод 8 Септември- Денот на независноста
08/09/2026
По повод 8 Септември- Денот на независноста, претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во свое лично име и во име на Судот, упатува честитка до сите граѓани.  Почитувани сограѓани, Независноста е избор направен во еден историски момент, тоа е нашата колективна гордост.  8 Септември е симбол за истрајноста и потсетник за сите генерации, посветено […]
Соопштенија
Продолжуваат средбите на претседателот Костадиновски со граѓаните
03/09/2026
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, денеска повторно оствари средби со граѓани, како дел од иницијативата за отвореност и директна комуникација со јавноста. Граѓаните се интересираа за надлежностите на Судот, текот на постапките, предмети од јавен интерес и можностите за уставно-судска заштита на нивните права. Со продолжувањето на овие средби, Уставниот суд останува отворен […]
Соопштенија
Уставниот суд ќе биде домаќин на Регионална конференција за зголемување на јавната доверба во уставните судови
01/09/2026
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка(IRZ) на 16 септември 2026 година во Охрид ќе одржи регионална конференција на тема „Како да се зголеми јавната доверба во уставните судови“. На конференцијата ќе учествуваат претседатели и судии на уставни судови од земјите од регионот, претставници на Сојузна Република […]
Соопштенија