-
Претседателот на Уставниот суд, д-р Костадиновски на работна средба со амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари работна средба со амбасадорката на Република Србија во Република Северна Македонија, Н.Е. Невена Јовановиќ. На средбата заеднички беше констатирано дека двете држави негуваат одлични пријателски односи во кои значајна улога има соработката меѓу уставните судови. Претседателот Костадиновски ја запозна амбасадорката со приоритетите во својот мандат и искажа…
-
Судијата на Уставниот суд, проф. д-р Ана Павловска-Данева говорник на Меѓународна конференција во Хрватска
Судијата на Уставниот суд, д-р Ана Павловска-Данева учествуваше на Меѓународна конференција во Опатија, Хрватска, кадешто имаше свое обраќање на темата „Примена на Европските принципи во реорганизацијата на државната администрација во Република Северна Македонија. ” На Конференцијата во текот на првите две сесии беа презентирани практични примери од повеќе држави, и од земјите-членки на ЕУ, но…
-
Дневен ред за 4. седница закажана за 26 февруари (среда) во 9:30 часот
На 26 февруари 2025 година (среда) со почеток во 9:30 часот, Уставниот суд ќе ја одржи 4.седница со дневен ред за кој се предвидени девет иницијативи за оценување на уставност/законитост и три барања за заштита на слободи и права. 1. Реферат У.бр.95/2024 Оспорен: Член 4 став 3 во делот „поради судска ненадлежност“ од Законот за…
-
Соопштение по одржаната 3. седница на Уставниот суд
По одржаната 3. седница на 19 февруари 2025 година, Уставниот суд го одлучи следното: 1.Реферат У.бр. 161/2024 Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 137 во делот „односно по донесувањето на решението во обновената постапка по службена должност“ и член 150 став 3 во делот „од конечноста на решението со кое е…
-
Останува отворена постапката за оценување на членовите 17 и 18 од Изборниот законик-ќе се гласа во полн состав
На денешната седница Уставниот суд не донесе одлука за предметот У.бр.186/2026 во кој се оспорени членовите 17 и 18 од Изборниот законик, поради тоа што предлогот за поведување на постапка и оценување на уставноста на оспорените одредби не го доби потребното мнозинство на гласови. Согласно спротивставените размислувања на судиите, кои беа изнесени и во текот…
-
(ВИДЕО) Поведена постапка за оценување на одредби од Деловникот на Советот на јавни обвинители кои се однесуваат на оценување на стажот на членовите при унапредување во обвинителствата
Судијата проф. д-р Осман Кадриу во изјава за медиумите ги образложи аргументите за поведување на постапка во која ќе се оценува уставноста и законитоста на член 4 став 7 од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија. https://www.facebook.com/share/p/18cF1f9nQb *Видеото е преземено од МИА
-
Дневен ред за 3. седница закажана за 19 февруари во 9:30 часот
На 19 февруари (среда) со почеток во 9:30 часот, Уставниот суд ќе ја одржи 3. седница за 2025 година со Дневен ред за кој се предвидени дискусии по десет иницијативи за оценување на уставност/законитост и донесување на две конечни одлуки. 1.Реферат У.бр. 161/2024 Оспорен: Член 137 во делот „односно по донесувањето на решението во обновената…
-
Соопштение по 2. седница одржана на 12 февруари
Уставниот суд на 2. седница која се одржа на 12 февруари дискутираше по девет иницијативи и го одлучи следното: 1. Реферат У.бр.162/2023 и У.бр.163/2023 Се поведува постапка за оценување на уставноста на Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Дополнително, одлучено е Уставниот суд да испрати Известување до Собранието за сомнежите и сознанијата во…
-
Поведена постапка за Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик
Уставниот суд донесе одлука да се поведе постапка за оценување на уставноста на Законските измени и дополнувања на Кривичниот законик, во целина. Дополнително, одлучено е Уставниот суд да испрати Известување до Собранието за сомнежите и сознанијата во овој предмет и да му даде рок од максимални шест месеци за да ги коригира спорните законски одредби. …
-
Оформени предмети во втората половина на јануари 2025 година
Во втората половина на јануари 2025 година Уставниот суд оформи 11 предмети во кои е оспорена уставноста на прописи и акти, шест предмети во кои е оспорена уставноста и законитоста на подзаконски акти. 1.У.бр.2/2025 Оспорен акт: Автентично толкување на член 39 став 3 од Законот за надворешни работи Автентично толкување на член 45 став 4…
-
Соопштение по првата седница одржана на 5 февруари 2025 година
Уставниот суд на 5 февруари ја одржа првата седница за 2025 година и го одлучи следното: 1. Реферат У.бр.138/2023 Не се поведува постапка за Законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.111/2023 oд 30 мај 2023), донесен од Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана…
-
Дневен ред за 2. седница закажана за 12 февруари 2025 година во 9:30
На 12 февруари со почеток од 9:30 часот Уставниот суд ќе ја одржи втората седница со Дневен ред за кој се закажани 1. Реферат У.бр.162/2023 и У.бр.163/2023 Оспорен акт: Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик Подносител на иницијативата(162/2023): Павле Трајанов Од наводите во иницијативата: Подносителот наведува дека оспорените законски измени се спротивни на…