На 21 ноември 2025 година, во периодот од 9:00 до 14:00 часот, во просториите на Уставниот суд, ќе се одржи крводарителска акција.
Иницијативата на оваа хумана активност е на вработените од Судот, и досега се пријавени околу 30 дарители, меѓу кои и судии, советници, вработени во Службата.
Преку оваа акција, Уставниот суд изразува солидарност и хуманост, истовремено поддржувајќи ги апелите на Црвениот крст за подигнување на свеста за значењето на донирањето крв и мотивирање на поголем број луѓе за доброволно дарување.
Акцијата се реализира во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија, а се организира по втор пат во Судот, откако беше спроведена крводарителската акција во април 2025 година по повод 60-годишнината од основањето на Уставниот суд.
