На 19 ноември 2025 година, Уставниот суд ја одржа 24. седница на која се дискутираше по осум предмети за оценување на уставност и законитост, две барања за заштита на слободите и правата и се донесе конечна одлука по предлог за одлучување.
1. Реферат У.бр.235/2024
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 256 став 1 алинеја 4 од Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2012, 145/2012, 87/2013, 164/2013, 39/2014, 43/2014, 132/2014, 188/2014, 10/2015, 61/2015, 154/2015, 192/2015, 17/2016, 37/2016 и 20/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/2019, 153/2019, 180/2019, 275/2019, 77/2021, 122/2021, 178/2021, 150/2022, 236/2022, 199/2023, 236/2023, 263/2023, 30/2024, 74/2024 и 170/2024).
Подносител на иницијативата: Филип Стојковски
2. Реферат У.бр.247/2024
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 4 став 1 точка 2 во делот „поништувањето, укинувањето или изменувањето на”, член 15 став 2 во делот „против кои е дозволена жалба”, член 23 став 1 во делот „поништувањето, укинувањето или изменувањето на” и член 71 став 1 во делот „доколку не е поинаку определено со закон” од Законот за управните спорови (Службен весник на Република Северна Македонија бр.96/2019, 150/2024 и 220/2024).
Судот ја отфли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 69 став 4 од Законот за управните спорови.
Подносител на иницијативата: Александар Наумовски
3. Реферат У.бр.6/2025
Судот не поведе постапка за оценување на член 67 став 4 од Законот за шумите („Службен весник на Република Македонија“ бр.64/2009, 24/2011, 53/2011, 25/2013, 79/2013, 147/2013, 43/2014, 160/2014, 33/2015, 44/2015, 147/2015, 7/2016 и 39/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.274/2022, 255/2024 и 59/2025).
Подносител на иницијативата: Владо Мицковски
4. Реферат У.бр.13/2025
Судот ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 3 и член 18 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.193/24)
Подносител на иницијативата: Тито Беличанец, Јадранка Мршиќ, Сузана Московска
По сопствена иницијатива Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.154/2025 од 29.07.2025 година).
Поради поголем интерес на јавноста, Судот објави посебно соопштение за овој предмет.
5. Реферат У.бр.37/2025
Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 54 став 1 во делот „2024 година 10% ”, став 2 во делот „2024 година 8% ” и член 59 став 1 од Законот за минимален глобален данок на добивка („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 3/2025).
Подносител на иницијативата: Боби Спирковски, адвокат
6. Реферат У.бр.55/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 177 од Законот за вонпарнична постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.9/2008 и 77/2018) и ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на член 12 од Законот за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија“ бр.55/2007, 138/2007, 8/2008, 21/2008, 86/2008, 20/2009, 139/2009 и 135/2011) и уставноста и законитоста на Нотарско решение О.бр.584/11, УДР-87/11 од 17.06.2022 година со исправка од 20.02.2023 година.
Подносител на иницијативата: Санде Пејоски
7. Реферат У.бр.58/2025
Судот ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 38 став 1 во деловите „парична казна“ и „стопански престап“ од Законот за здравствена исправност на животните намирници и на предметите за општа употреба („Службен лист на СФРЈ“ бр.53/1991 и „Службен весник на Република Македонија“ бр.15/1995).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
8. Реферат У.бр.73/2025
Судот ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на член 33 став 9 во делот „Годишниот извештај”, член 33 став 10 во делот „годишниот извештај” и член 33 став 11 во делот „извештајот” од Законот за технолошки индустриски развојни зони („Службен весник на Република Македонија” бр. 14/07, 103/08, 130/08, 139/09, 156/10, 127/12, 41/14, 160/14, 72/15, 129/15, 173/15, 192/15, 217/15, 30/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 13/23 и 59/25).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА
1. БЗСП бр.9/2025
Судот утврди повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата на барателите Билјана Николовска Тодорова, Игор Јанковски Томе Ангеловски, сторена со Пресуда XXI П4-401/20 од 15.07.2022 година на Основниот граѓански суд Скопје и Пресудата ГЖ-1463/23 од 19.12.2024 година на Апелациониот суд Скопје.
Предмет на барањето: Барање за слободи и права согласно член 110 алинеја 3 од Уставот (повреда на слободата на јавното изразување на мислата)
Подносители на барањето: Билјана Николовска Тодорова, Игор Јанковски, Томе Ангеловски преку адвокат Филип Медарски
2. БЗСП бр.13/2025
Судот го отфрли барањето на Иванчо Тасевски за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот кои се однесуваат на правото на заштита од дискриминација.
Судот оцени дека се исполнети условите да го отфрли барањето на Иванчо Тасевски од Охрид бидејќи се исполнети условите од член 38 алинеја 1 и 3 од Актот на Уставниот суд за отфрлање на барањето, односно Уставниот суд не е надлежен да одлучува за барањето и постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата.
ПРЕДЛОГ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКА
У.бр.67/2023
Судот го укина член 5 од Законот за изменување на Законот за ловството („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.91/2023).
На 02.07.2025 година Уставниот суд поведе иницијатива за оценување на уставноста на член 5 од Законот за изменување на Законот за ловството („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.91/2023).
У.бр.67/2023