2025
-

Успешно спроведена крводарителска акција во Уставниот суд
Во Уставниот суд денеска се спроведе успешна крводарителска акција, на иницијатива на вработените во Службата. Досега беа собрани 13 крвни единици. Со оваа акција, Уставниот суд ја покажува својата солидарност и се приклучува кон апелите на Црвениот крст за подигнување на свеста за важноста на доброволното дарување крв. Акцијата се реализираше во соработка со Црвениот…
-
Реакција на Уставниот суд за нападите упатени кон судијата Добрила Кацарска и Уставниот суд за предметот со т.н. „линеарно покачување на пензиите”
Уставниот суд најостро ја осудува реториката основана на лаги и манипулации за предметот во кој се оценува уставноста на член 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во јавноста познат како „линеарно зголемување на пензиите”. Нападнати се интегритетот, самостојноста и независноста на судијата Добрила Кацарска како судија-известител, а истовремено и на Уставниот суд, преку…
-

(НАЈАВА)Крводарителска акција ќе се спроведе во Уставниот суд на 21 ноември 2025 година
На 21 ноември 2025 година, во периодот од 9:00 до 14:00 часот, во просториите на Уставниот суд, ќе се одржи крводарителска акција. Иницијативата на оваа хумана активност е на вработените од Судот, и досега се пријавени околу 30 дарители, меѓу кои и судии, советници, вработени во Службата. Преку оваа акција, Уставниот суд изразува солидарност и…
-

Дневен ред за 25. седница на Уставниот суд закажана за 26 ноември(среда) во 9:30 часот
На 26 ноември (среда) во 9:30 часот, Уставиот суд ќе ја одржи 25. седница со Дневен ред за кој е предвидено да се дискутира по десет иницијативи за оценување на уставност и законитост. 1. Реферат У.бр.55/2023 Оспорен акт: Член 28 став 1 точка 2 потточка 2.1 од Законот за акцизите („Службен весник на Република Македонија“…
-
Соопштение по одржаната 24. седница на Уставниот суд
На 19 ноември 2025 година, Уставниот суд ја одржа 24. седница на која се дискутираше по осум предмети за оценување на уставност и законитост, две барања за заштита на слободите и правата и се донесе конечна одлука по предлог за одлучување. 1. Реферат У.бр.235/2024 Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 256…
-

Зајакнување на меѓународната соработка на Уставниот суд – средби со амбасадорите на Австрија и Италија
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, денеска оствари средби со амбасадорите на Република Австрија, Н.Е. Мартин Памер, и на Италија, Н.Е. Паоло Палминтери, во рамки на интензивираната меѓународна агенда и зголемената динамика во меѓународните активности на Судот. На средбите, беа разменети мислења и идеи за зајакнување на соработката меѓу Уставниот…
-
Уставниот суд поведе постапка за член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидско осигурување
Поради поголем интерес на медиумите Уставниот суд информира дека на 24. седница одржана на 19.11.2025 година расправаше по предметот У.бр.13/2025. Постапувајќи по овој предмет, на предлог на судијата-известител Добрила Кацарска, Судот одлучи по сопствена иницијатива да поведе постапка за член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалиското осигурување, објавен…
-

Видео обраќање на претседателот на Уставниот суд по повод 17 ноември-Денот на Уставот на Република Северна Македонија
По повод одбележување на Денот на Уставот, 34 години од неговото донесување, претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски преку видео обраќање упати честитка до сите граѓани во која ги повика, сите да ја исполнат својата должност кон татковината и да му бидат лојални на Уставот. Во прилог неговото обраќање на македонски јазик и превод…
-

Уставниот суд на Република Северна Македонија го презема претседавањето со Балканскиот форум на уставни судови-Костадиновски ќе го претставува форумот на меѓународни и регионални настани
Уставниот суд на Република Северна Македонија од денеска, во наредната година ќе претседава со Балканскиот форум на уставни судови (BCCF) и ќе биде домаќин на 4. Форум кој ќе се одржи во земјава, на 12 и 13 ноември 2026 година. Претседателот д-р Дарко Костадиновски и официјално го презеде претседателството на 3. Годишен состанок на Балканскиот…
-

Говор на претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски на 3. Годишна Конференција на Балканскиот форум на уставни судови во Република Туркије
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски денеска се обрати на 3. Годишна Конференција на Балканскиот форум на уставни судови на темата „Стандардизација на човековите права и улогата на уставната правда”. Во прилог целосното обраќање: Почитуван претседател на Уставниот суд на Република Туркије, Драг брате Кадир, Почитувани колеги и пријатели, Ми претставува чест и задоволство да…
-
(НАЈАВА) Делегација на Уставниот суд предводена од претседателот Костадиновски ќе присуствува на 3. Годишна Конференција на Балканскиот форум на уставни судови во Република Туркије
Делегација на Уставниот суд предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски, во периодот од 13-16 ноември ќе учествува на 3. Годишна Конференција на Балканскиот форум на уставни судови. Согласно Агендата претседателот Костадиновски ќе има свое обраќање на темата „Стандардизација на човековите права и улогата на уставната правда”. Во рамки на настанот предвидено е да се одржи…
-

Дневен ред за 24. седница закажана за 19 ноември во 9:30 часот
На 19 ноември во 9:30 часот Уставниот суд ќе ја одржи 24. седница со Дневен ред на кој е предвидено да се дискутира по осум предмети за оценување на уставност и законитост. 1. Реферат У.бр.235/2024 Оспорен акт: Член 256 став 1 алинеја 4 од Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2012,…