Новогодишна честитика од претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски

Почитувани граѓани,

Во мое лично име и во име на Уставниот суд, ви посакувам Новата година да ви донесе здравје, мир и благосостојба.

Нека 2026 година биде година во која Уставот ќе остане цврст темел на нашата заедница, а владеењето на правото заедничка вредност што нè обединува и нè води напред кон просперитетна иднина.

Среќна и успешна Нова година.

д-р Дарко Костадиновски
Претседател на Уставниот суд
на Република Северна Македонија