2016
-
Известување
Ве известуваме дека закажаната 27-ма седница на Уставниот суд закажана за 30 ноември 2016 година (среда) се одложува за 01 декември 2016 година (четврток) поради тоа што 30 ноември 2016 година е прогласен за неработен ден на кој ќе се спроведе акцијата „Ден на дрвото“.
-
Избран нов претседател на Уставниот суд на Република Македонија
Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 109 став 3 од Уставот на Република Македонија и член 7 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија на седницата одржана на 17 октомври 2016 година, го избра судијата НИКОЛА ИВАНОВСКИ за претседател на Уставниот суд на Република Македонија сметано од 1 ноември…
-
ЈАВЕН ОГЛАС за избор на кандидати на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права;Обрасци за биографија
ЈАВЕН ОГЛАС за избор на кандидати на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права; Обрасци за биографија Врз основа на Одлуката за основање на Комисија за избор на кандидати на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права бр. 42-1963/1 од 23.02.2016, а во врска со член 22 од Европската…