Уставниот суд на 12 ноември ја одржа 23. седница со Дневен ред на кој се дискутираше по пет предмети по претходно поднесени иницијативи за оценување на уставност и законитост и две барања за заштита на слободите и правата.
I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ
1. Реферат У.бр.55/2023
Оспорен: Член 28 став 1 точка 2 подточка 2.1 од Законот за акцизите („Службен весник на Република Македонија“ бр.32/2001, 50/2001, 45/2002, 98/2002, …171/2017 и 120/2018) и член 92 став 3 точка 2 во делот „литар“ од Законот за акцизите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 108/2019, 143/2019, …57/2022 и 209/2023).
Подносител на иницијативата: Стојаноски Дејан и Србиноски Филип
Предметот беше повлечен од Дневен ред поради отсуство на судијата-известител.
2. Реферат У.бр.155/2023
Оспорен: член 31 став 1 во делот „кој не може да биде пократок од 25 години“ од Законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.171/2022).
Подносител на иницијативата: Зоран Димовски
Предметот беше повлечен од Дневен ред поради отсуство на судијата-известител.
3. Реферат У.бр.169/2023
Судот не поведе постапка за оценување на член 18 став 2 од Законот за вештачење („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2023).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
4. Реферат У.бр.18/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 175 став 6 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154/2019, 178/2021 и 58/2024).
Подносител на иницијативата: Александар Илиевски
5. Реферат У.бр.68/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 став 1 точка 4 алинеи 1, 2, 3, 4 и 5 од Законот за изменување на Законот за судска служба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.235/2022).
Подносител на иницијативата: Горан Тасевски
6. Реферат У.бр.86/2022
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на Одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V-заштитен предел („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.286/2021).
Подносител на иницијативата: Здружение на граѓани „Засегнати сопственици на недвижен имот“ од Берово
7.Реферат УЗ.бр.26/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 2 во делот „преземени обврски од 2024 година согласно склучени договори“ од Програмата за користење на капитални дотации за финансирање на инвестициони проекти на општините и општините во градот Скопје („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 27/2025 и 65/2025).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА
1. БЗСП бр.11/2025
Предмет: Право на жалба против поединечни правни акти во прв степен
Подносител на барањето: Александар Илиевски
Судот го отфрли барањето на Александар Илиевски од Скопје за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, што се однесува за заштита на правото на жалба.
БЗСП бр.12/2025
Подносител на барањето: Aлександар Насковски
Предмет: Заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, што се однесуваат на забраната на дискриминација на граѓаните по основ на социјална припадност, и за заштита на право од работен однос, односно остварување на право како вработен согласно со член 46 став 3 од Законот за работните односи.
Подносителот на барањето со допис од 12.08.2025 година, го повлече барање за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, поради што Судот на седница констатираше дека се исполнети условите од член 59 алинеја 1 од Актот на Уставниот суд за запирање на постапката.