2014
-
Меѓународна Конференција по повод 50 години од основањето и функционирањето на Уставниот суд на Република Македонија
По повод 50-годишнината на уставното судство во Република Македонија, Уставниот суд на Република Македонија на 19 септември 2014 година организира Меѓународна Конференција на тема: „Современите предизвици на уставното судство„ : 1. Принципот на поделба на власта и неговата заштита од страна на Уставниот суд. 2. Оценка на уставноста и законитоста на подзаконските акти. Во периодот…
-
XVI Конгрес на Конференцијата на европските уставни судови
Во организација на Уставниот суд на Република Австрија, од 12 до 14 мај 2014 година во Виена се одржа XVI Конгрес на конференцијата на европските уставни судови. Тема на Конгресот беше „Соработка на уставните судови во Европа – Постојна состојба и перспективи“. Во рамките на темата беа одржани четири сесии на кои се расправаше за следниве под-теми:…
-
Годишна прес-конференција, посветена на работата на Уставниот суд на Република Македонија во текот на 2013 година.
До Средствата за јавно информирање С О О П Ш Т Е Н И Е Ве известуваме дека годишната прес-конференција, посветена на работата на Уставниот суд на Република Македонија во текот на 2013 година, ќе се одржи на 14 март 2014 година (петок) со почеток во 10,00 часот, во просториите на Судот, во објектот на Кеј „ Димитар Влахов…
-
Информација за назначување на лице за комуникација со граѓани кои имаат одреден вид и степен на попреченост до Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија
Предмет: Информација Во врска со Информацијата под број 42-1532/1 од 17 февруари 2014 година на Владата на Република Македонија, поради потребата од назначување на лица за комуникација со граѓани кои имаат одреден вид и степен на попреченост, Генералниот секретар на Уставниот суд на Република Македонија го назначи лицето Јаготка Гијовска, самостоен референт во Суд. СУ.бр.201 28 февруари 2014 година Скопје