По повод 50-годишнината на уставното судство во Република Македонија, Уставниот суд на Република Македонија на 19 септември 2014 година организира Меѓународна Конференција на тема:
„Современите предизвици на уставното судство„ :
1. Принципот на поделба на власта и неговата заштита од страна на Уставниот суд.
2. Оценка на уставноста и законитоста на подзаконските акти.
Во периодот од 18 – 21 септември 2014 година во рамките на конференцијата ќе се одржат и повеќе свечени активности.
Уставен суд на Република Македонија