Годишна прес-конференција, посветена на работата на Уставниот суд на Република Македонија во текот на 2013 година.

До Средствата за јавно информирање

С О О П Ш Т Е Н И Е

Ве известуваме дека годишната прес-конференција, посветена на работата на Уставниот суд на Република Македонија во текот на 2013 година, ќе се одржи на 14 март 2014 година (петок) со почеток во 10,00 часот, во просториите на Судот, во објектот на Кеј „ Димитар Влахов „ број 19, на 5-ти кат.

Ве покануваме да присуствувате и активно да учествувате на оваа прес-конференција.

Су.број. 212/14
06 март 2014 година
Служба за информирање