2012
-
Средба со Роберт Валтер, известител на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за Македонија
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија Бранко Наумоски денеска (2 ноември 2012 год.) се сретна со г-дин Роберт Валтер, заменик претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа и известител на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за Македонија. На средбата беа разменети мислења во врска со функционирањето на Уставниот суд,…
-
Учество на Подготвителниот состанок за XVI Конгрес на Европската конференција на уставните судови одржан во Виена, Австрија
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија Бранко Наумоски на 10 септември 2011 година учествуваше на Подготвителниот состанок за XVI Конгрес на Европската конференција на уставните судови што се одржа во Виена. На состанокот беше одлучено XVI конгрес на Европската конференција на уставните судови да се…
-
Учество на свеченостите по повод прославата на 50 годишнината од Уставниот суд на Република Турција
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија, предводена од претседателот на Судот, г-дин Бранко Наумоски, во период од 24 – 28 април 2012, ќе учествува на свеченостите по повод прославата на 50 годинишнината од постоењето на Уставниот суд на Република Турција, што ќе се организираат во Анкара и Истанбул, Република Турција. Во рамките на свеченостите…
-
Делегација на Уставниот суд на Руската Федерација ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија.
Од 19 до 22 април 2012 година, делегација на Уставниот суд на Руската Федерација составена од претседателот на Судот проф.д-р Валериј Зоркин, потпретседателот на Судот проф.д-р Сергеј Маврин и судијата проф.д-р Сергеј Књазев, ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија. Станува збор за прва официјална билатерална средба помеѓу Уставниот суд на Република…
-
Известување за одржување на подготвителна седница
Уставниот суд на Република Македонија ќе одржи подготвителна седница на 15 март 2012 година со почеток во 10,00 часот, по предметот У.бр. 98/2011, за оценување на уставноста на повеќе одредби од Законот за високото образование.
-
Годишна прес-конференција
Годишна прес-конференција Ве известуваме дека годишната прес-конференција, посветена на работата на Уставниот суд на Република Македонија во 2011 година, ќе се одржи на 6 март 2012 година (вторник) со почеток во 11,00 часот, во просториите на Судот (Работнички дом II, 6-ти кат). Ве покануваме на присуство и активно учество на Конференцијата. Уставен суд на Република…
-
Свечана седница на Европскиот суд за човекови права
Свечана седница на Европскиот суд за човекови права Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија Бранко Наумоски и судиите на Уставниот суд Игор Спировски и Владимир Стојаноски присуствуваат на формалното отворање на судиската година на Европскиот суд за човекови права што се одржува денес (27 јануари 2012 година) во Стразбур и на семинарот што се…
-
Допис до Венецијанската Комисија до Уставниот суд на Република Македонија
Допис до Венецијанската Комисија до Уставниот суд на Република Македонија