Делегација на Уставниот суд на Република Македонија, предводена од претседателот на Судот, г-дин Бранко Наумоски, во период од 24 – 28 април 2012, ќе учествува на свеченостите по повод прославата на 50 годинишнината од постоењето на Уставниот суд на Република Турција, што ќе се организираат во Анкара и Истанбул, Република Турција. Во рамките на свеченостите ќе се одржи и Меѓународен симпозиум во Анкара на тема „Движењата за права и слободи во 21 век и улогата на уставните судови“, на кој сопствено излагање ќе има и претседателот на Уставниот суд на Република Македонија на тема „Улогата на Уставниот суд на Република Македонија во заштитата на човековите слободи и права“.