2008

  • Неформална средба со претставниците на медиумите

    Неформална средба со претставниците на медиумите До средствата за јавно информирање Почитувани, По повод успешната соработка меѓу медиумите и Уставниот суд на Република Македонија во 2008 година, Уставниот суд организира неформална средба со претставниците на медиумите кои ја следат работата на Судот, заради благодарност. Средбата ќе се одржи на 26 декември 2008 година ( петок…

  • Учество на Деветата меѓународна конференција на претседатели на судови од светот

    Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и судијата на Уставниот суд д-р Наташа Габер-Дамјановска од 12 до 15 декември 2008 година ќе учествуваат на Деветата меѓународна конференција на претседатели на судови од светот, што ќе се одржи во Лакноу, Индија. Темата на Меѓународната конференција ќе биде: „Зајакнување на улогата на Меѓународниот суд…

    ,
  • Учество на Конгрес во Регенсбург

    Судијата на Уставниот суд на Република Македонија Игор Спировски, на 5 и 6 декември 2008 година ќе учествува на Десетиот меѓународен конгрес на европското и компаративното уставно право што ќе се одржи во Регенсбург, Германија. Темите на овогодинешниот Конгрес ќе бидат: „50 години од Уставот на Франција: перспективи од надвор“; и „Најновиот развој на уставното право…

    ,
  • Информации за Уставниот суд на Република Македонија на француски јазик

    На веб страницата на Асоцијацијата на уставни судови што ја споделуваат употребата на францускиот јазик (ACCPUF) чиј полноправен член од јули 2008 година е и Уставниот суд на Република Македонија, можат да се најдат  информации и документи за Уставниот суд на Република Македонија на француски јазик. http://www.accpuf.org/index.php?option=com_content&task=view&id=253&Itemid=349

  • Учество на Меѓународен симпозиум по повод 50 годишнината на Уставниот совет на Франција

    На покана на претседателот на Уставниот совет на Франција Жан Луи Дебре, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и судијата на Уставниот суд д-р Гзиме Старова, од 1 до 4 ноември 2008 година во Париз, ќе присуствуваат на прославата на 50 годишнината од постоењето на Уставниот совет на Франција. По тој…

    ,
  • Регионална тркалезна маса во Дубровник

    Делегација на Уставниот суд на Република Македонија составена од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и судиите на Уставниот суд Лилјана Ингилизова Ристова и Игор Спировски од 23 до 26 октомври 2008 година ќе престојува во Дубровник на регионална тркалезна маса на уставните судови од просторите на поранешна Југославија што се…

    ,
  • Избрани нови судии

    Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 7 октомври 2008 година, за судии на Уставниот суд на Република Македонија ги избра д-р Гзиме Старова и д-р Наташа Габер-Дамјановска.

  • Известување за одржување на подготвителна седница

    Уставниот суд на Република Македонија ќе одржи подготвителна седница на 9 октомври 2008 година со почеток во 10,00 часот, по предметот У.бр.200/2007 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 3 став 1 точка 3 од Законот за експропријација („Службен весник на Република Македонија“ бр. 33/1995, 20/1998, 40/1999 и 31/2003) и член 1…

  • Средба со претставници на Фондацијата Конрад Аденауер

    На 12 септември 2008 година, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски оствари средба со г-ѓа Стефани Рикарда Рос, раководител на Програмата за владеење на правото на Фондацијата Конрад Аденауер и г-дин Анри Боне, директор на канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје. Цел на посетата беше запознавање со проектот за преведување…

    ,
  • Избран нов судија

    Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 31 јули 2008 година, за судија на Уставниот суд на Република Македонија го избра дипломираниот правник од Скопје Исмаил Дарлишта.

  • Учество на XIV Конгрес на Конференцијата на Европските уставни судови

    Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од Претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски од 2 до 7 јуни 2008 година учествуваше на XIV-тиот Конгрес на Конференцијата на Европските уставни судови што се одржа во Вилниус-Литванија. Тема на Конгресот беше „Проблемите на законодавниот пропуст во уставно-судската практика“ во рамките на која се дискутираше за…

    ,
  • Учество на Конгрес во Вилнус-Литванија

    Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од Претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски ќе присуствува на XIV Конгрес на Конференцијата на европските уставни судови што ќе се одржи од 2 -7 јуни 2008 година во Вилнус-Литванија. Тема на Конгресот ќе биде „Проблемите на законодавниот пропуст во уставно-судската практика“.

    ,