На покана на претседателот на Уставниот совет на Франција Жан Луи Дебре, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и судијата на Уставниот суд д-р Гзиме Старова, од 1 до 4 ноември 2008 година во Париз, ќе присуствуваат на прославата на 50 годишнината од постоењето на Уставниот совет на Франција. По тој повод на 3 ноември 2008 година ќе се одржи Меѓународен симпозиум на кој ќе учествуваат претседатели на повеќе европски уставни судови и истакнати правници од Франција.