Неформална средба со претставниците на медиумите
До средствата за јавно информирање
Почитувани,
По повод успешната соработка меѓу медиумите и Уставниот суд на Република
Македонија во 2008 година, Уставниот суд организира неформална средба со
претставниците на медиумите кои ја следат работата на Судот, заради
благодарност.
Средбата ќе се одржи на 26 декември 2008 година ( петок ), во 11,00 часот, во
салата за седници на Судот ( Работнички дом, кат VI ).
Благодариме на присуството,
Порт-парол,
м-р Југослав Миленковиќ