На 12 септември 2008 година, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски оствари средба со г-ѓа Стефани Рикарда Рос, раководител на Програмата за владеење на правото на Фондацијата Конрад Аденауер и г-дин Анри Боне, директор на канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје. Цел на посетата беше запознавање со проектот за преведување на избрани одлуки на Сојузниот уставен суд на Германија на македонски јазик. На средбата беше договорено Уставниот суд на Република Македонија следната година да организира тркалезна маса на која ќе биде промовирана оваа публикација. Со претставниците на Фондацијата исто така, беше разговарано за можностите за остварување на поблиска билатерална соработка помеѓу Уставниот суд на Република Македонија и Сојузниот уставен суд на Германија.