Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и судијата на Уставниот суд д-р Наташа Габер-Дамјановска од 12 до 15 декември 2008 година ќе учествуваат на Деветата меѓународна конференција на претседатели на судови од светот, што ќе се одржи во Лакноу, Индија.
Темата на Меѓународната конференција ќе биде: „Зајакнување на улогата на Меѓународниот суд на правдата во заштитата на иднината на децата од светот“.
Овој настан, што секоја година го организира Училиштето Монтесори од Лакноу е фокусиран на улогата на меѓународното право и меѓународните институции во унапредувањето на меѓународниот мир и безбедност.
Делегацијата на Уставниот суд на Република Македонија ќе ја поздрави Конференцијата.