- 2024 (273)
- 2023 (203)
- 2022 (133)
- 2021 (179)
- 2020 (280)
- 2019 (122)
- 2018 (244)
- 2017 (160)
- 2016 (174)
- 2015 (157)
- 2014 (213)
- 2013 (161)
- 2012 (253)
- 2011 (255)
- 2010 (300)
- 2009 (337)
- 2008 (310)
- 2007 (265)
- 2006 (248)
- 2005 (233)
- 2004 (227)
- 2003 (211)
- 2002 (224)
- 2001 (234)
- 2000 (228)
- 1999 (260)
- 1998 (221)
- 1997 (217)
- 1996 (268)
- 1995 (244)
- 1994 (215)
- 1993 (185)
- 1992 (141)
- 1991 (19)
-
У.бр.36/2022
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 2 од Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надомест за приватизација на градежно земјиште, донесена од Владата на Република Северна Македонија
-
У.бр.136/2022
СЕ УТВРДУВА дека Министерството за транспорт и врски е стварно надлежно да постапува по барањето за ништовност на Решението за трансформација бр.16-367/2 од 17 јуни 2002 година и Решението за трансформација бр.16-480/2 од 3 март 2003 година на Министерството за транспорт и врски ПЕ на Општина Карпош – Скопје за КП бр. 263 поранешна КО…
-
У.бр.186/2023
СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Наредбата донесена од страна на директорот на ЈСП-Скопје
-
У.бр.182/2023
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 115 став 1 во делот „и за членување во здружение на пензионери (членарина)“ и член 116 став 1 во делот „и членарината“, став 2 во деловите „и членарина“ и „начинот на распределба на членарината“ и став 4 од Законот за пензиското и инвалидското…
-
У.бр.175/2023
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на Упатството за начинот на користење на социјалните мрежи од страна на работниците во Министерството за внатрешни работи
-
У.бр.172/2023
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 67 став 2 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија
-
У.бр.44/2023
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 166-б од Законот за заштита на децата
-
У.бр.156/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на поглавјето „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 78л, 78љ, 78м и 78н од Статутарната одлука за измени и дополнување на Статутот на Општина Ѓорче Петров и СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на оспорените одредби од Статутарната одлука за…
-
У.бр.57/2023
СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за пренамена на средства во Буџетот на Општина Старо Нагоричане за 2023 година донесена од Советот на Општина Старо Нагоричане
-
У.бр.56/2023
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за субвенционирање на јавен линиски превоз на патници од Буџетот на Општина Старо Нагоричане за 2023 година за линија Куманово – с.Дејловце, донесена од Советот на Општина Старо Нагоричане
-
У.бр.39/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката 25-2146/12 од 12.06.2020 година на Советот на Општина Велес со која е донесен Детален урбанистички план за дел од УБ 32 во УЕ IV и за дел од УБ 47 во УЕ IX, КО Велес – Општина Велес
-
У.бр.71/2023, У.бр.72/2023 и У.бр.113/2023
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 11 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката