-
У.бр.72/2025
СЕ УТВРДУВА неуставност и незаконитост на член 3 став 22 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.26/2025), во време на важењето
-
У.бр.138/2025
СЕ УКИНУВААТ член 17 ставoви 1 и 2 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.129/2023 и 53/2024). Одредбите од Законот, престануваат да важат на 1 јануари 2027 година.
-
И.бр.1/2026
СЕ УТВРДУВА дека Одлуката БЗСП.бр.8/2025, донесена од страна на Уставниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на 24 септември 2025 година, не е извршена со донесувањето на Решението П4-240/22 од 4 мај 2026 година од страна на судија на Основниот граѓански суд Скопје. Ова решение ќе се достави до Јавното обвинителство на Република…
-
У.бр.112/2025
СЕ УКИНУВА член 37 став 1 во делот „родено на територијата на Република Северна Македонија“ од Законот за заштита на децата
-
У.бр.167/2025
СЕ УКИНУВА член 6 став 6 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија преземени врз основа на одредбата од Законот означен во точка 1 од диспозитивот на оваа одлука.
-
УЗ.бр.38/2025
СЕ УКИНУВА Упатството за уредување на постапката при решавање на барање за одобрение за сеча во приватна шума, број 02-958/1 од 23.10.2015 година, донесено од директорот на ЈП „Национални шуми“ – Скопје.
-
У.бр.64/2025
СЕ УКИНУВА член 16 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки (*) („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.14/2025).
-
У.бр.160/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 33 став 1 во делот „трошоците“ од Законот за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост
-
У.бр.16/2026
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 48 став 2 во делот „се исплаќа од страна на Централниот регистар“ од Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар на други правни лица
-
У.бр.187/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 76 став 2 во делот „езера” и член 192 од Законот за заштита на природата
-
УЗ.бр.4/2026
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на делови од акт – Методологија за пресметка и исплата на пензии.
-
У.бр.178/2025 и У.бр.179/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 52 став 9 алинеја 4, член 56 став 5 во делот „констатира“ и член 56 став 5 точка 3 и став 6 точка 2 од Законот за високото образование (*)