-
Работна средба со претседателот на Националното собрание на Република Турција, проф.д-р Мустафа Шентоп
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и судиите: Елена Гошева, Јован Јосифовски и Насер Ајдари на 21.12.2019 година, остварија средба со делегација на Големото национално собрание на Република Турција предводена од претседателот на Собранието, проф.д-р Мустафа Шентоп, кој по покана на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, беше…
-
Присуство на обраќањето на претседателот на Република Северна Македонија, Н.Е. г. Стево Пендаровски, во Собранието на Република Северна Македонија
На покана од Собранието на Република Северна Македонија, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, присуствуваше на сто дваесет и втората седница на Собранието на Република Северна Македонија што се одржа на 18 декември 2019 година, на која имаше обраќање Н.Е. г. Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија.
-
Соопштение по повод средбата на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. г-дин Самуел Жбогар
На средбата одржана денес помеѓу претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати и Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. г-дин Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, предмет на разговор беа теми кои се однесуваат на функционирањето на Судот како независен и самостоен орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста.…
-
Средба на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. г-дин Самуел Жбогар
На ден 16 декември 2019 година (понеделник), со почеток во 10.00 часот, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, ќе оствари средба со Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. г-дин Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.
-
Учество на Меѓународниот ден на човековите права
По повод Меѓународниот ден на човековите права, посветен на одбележување на 71-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права од страна на Генералното Собрание на Обединетите нации, Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, на ден 10.12.2019 година учествуваше на дебатата посветена на заштитата на основните слободи и права на човекот…
-
Учество на Меѓународна конференција на тема „Слободата на изразување и уставнoтo право во Западен балкан“ во Приштина
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав од судијата на Уставниот суд, Насер Адјари и државниот советник Оливера Филиповска, на 5 декември 2019 година, учествуваа на Меѓународната конференција посветена на слободата на изразување, под покровителство на Советот на Европа (Канцеларија во Приштина), што се одржа во Приштина, Косово. Судијата Насер Ајдари имаше…
-
Работилница на тема: „Законот за Уставниот суд на Сојузна Република Германија: одредби и практика“
Уставниот суд на Република Северна Македонија во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), на 5 декември 2019 година, одржа работилница на тема: „Законот за Уставниот суд на Сојузна Република Германија: одредби и практика“ со акцент на потребата за воведување на уставна жалба во нашиот правен систем, со што се одбележа почетокот на…
-
Соопштение
На 27.11.2019 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија, по поднесената иницијатива за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување, Судот расправаше и донесе Решение за поведување на постапка за оспорениот член од Законот. Постапката по предметот е во тек. Уставниот суд со внимание ги следеше написите, коментарите,…
-
Соопштение по повод средбата на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Сојузна Република Германија, Н.Е. г-дин Томас Герберих
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, денес оствари средба со Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Томас Герберих. На средбата, претседателот на Судот, Сали Мурати, се заблагодари за долгогодишната соработка со Фондацијата Конрад Аденауер и со германската фондација за меѓународна правна соработка – ИРЗ и во…
-
Учество на Меѓународна конференција по кривично право на тема „Криминалитет – идеи и рестрикции“ во Варшава, Полска
На покана од Уставниот суд на Полска, судиите на Уставниот суд г. Никола Ивановски, г-ѓа Елена Гошева и г. Насер Ајдари и советникот Симона Герасимова-Јовановска учествуваа во работата на Меѓународната Конференција по кривично право на тема „Криминализација-идеи и ограничувања. Принципите на криминализација во уставното право“, која се одржа во Варшава, Полска на 21 и 22…
-
Средба на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со министерката за правда, д-р Рената Дескоска
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и генералниот секретар на Судот, Александар Лазов, денес (22 ноември 2019 година), остварија средба со министерката за правда, д-р Рената Дескоска. На средбата, претседателот на Судот, Сали Мурати, ја запозна министерката со прашањата коишто се од значење за остварувањето на уставната позиција на Уставниот суд…
-
Средба на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Томас Герберих
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, на 25 ноември 2019 година (понеделник) ќе одржи средба со Н.Е. г-дин Томас Герберих, Амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија со почеток во 15.00 часот.