Уставниот суд денеска ја одржа 17. седница со дневен ред на кој се дискутираше за три иницијативи за оценување на уставност и две барања за заштита на човекови права и слободи и одлучи:
1. Реферат У.бр.71/2022
Ја отфрли иницијативата за оценување на уставност на членот 10 став 12 од Законот за домување oтфрлено бидејќи претходно веќе се изјаснил за ова прашање.
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
2.Реферат У.бр.130/2022
Судијата известител предложи да биде поведена постапка за ставовите 1 и 2 од член 2 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија и на денешната седница не го доби потребното мнозинство на гласови. Предметот повторно ќе биде ставен на гласање на некоја од наредните седници.
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
3.Реферат У.бр.48/2023
Ја отфрли иницијативата за оценување на уставност на член 69 став 4 од Законот за управни спорови бидејќи оцени дека станува збор за веќе пресудена работа.
Подносител на иницијативата: Александра Илиева Милчова
У.бр.319/2020
Уставниот суд го одби барањето на Дејан Владев преку Гоце Тасков, адвокат од Свети Николе бидејќи не е утврдена повреда на слободата на мислата и јавното изразување.
Oспорени: Пресуда од 16.03.2020 година на Основен суд Свети Николе и пресуда од 25.09.2020 година на Апелационен суд Штип
У.бр.74/2021
Уставниот суд го отфрли барањето на подносителот Илир Рушани бидејќи не станува збор за поединечен акт со којшто се одлучува туку е акт на изборно дејствие.
Напомена: Уставниот суд во ова соопштение објавува за одлученото веднаш по одржаната седница, но деталните образложенија ќе бидат објавени следните денови во најновите одлуки и решенија на Судот.