Соопштение по одржаната 16. седница на Уставниот суд

Уставниот суд  на 26. април 2023 година ја одржа 16. седница со дневен ред на кој се дискутираше за пет иницијативи за оценување на уставност и едно барање за заштита на човекови права и слободи и одлучи:

1.Реферат У.бр.70/2022

Ја отфрли иницијативата за оценување на Членот 83 став 1 од Законот за даночна постапка во делот „29 до” бидејќи претходно веќе се изјаснил за ова прашање. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

2.Реферат У.бр. 102/22

Одлучи да неповеде постапка за член 7 став 1 алинеја 2 од Правилникот за изменување на правилникот за формата и го оцени како усогласен со членовите 11, 25 и 9 од Уставот како и со членот 4 став 1 точка 13 од Законот за заштита на личните податоци и ја отфрли иницијативата за член 33 став 1, член 67 став 1 од Законот за заштита на населението од заразни болести, содржината и начинот на водење на педагошката документација и евиденција во детска градинка и центар за ран детски развој и член 60 став 2 од Закон за основно образование. 

Подносител на иницијативата: Сашо Балабанов

3.Реферат У.бр.115/2022

Ја отфрли иницијативата за делот „став 4 на“ од член 113 став 4 од Законот за општата управна постапка и оцени дека станува збор за веќе пресудена работа. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

4.Реферат У.бр.43/2023

Ја отфрли иницијативата за член 218 став 2 од Законот за извршување бидејќи претходно веќе се изјаснил по ова прашање. 

Подносител на иницијативата:  Адвокат Марјан Максимоски

5.Реферат У.бр.8/2023

Ја отфрли Одлуката на Советот на Општина Македонска Каменица бр. 08-2487/1 од 28.12.2022 година. 

Подносител на иницијативата: Димчо Атанасовски градоначалник на Општина Македонска Каменица.

РефератУ.бр.84/22

Го одби барањето на подносителката Маријана Крстева од причини што не може да се согледа дека е направена повреда, како што се тврди и упатува на дискриминација поради социјална припадност и општествена положба.