Соопштенија

1,101

Архива

Изберете година и месец

Костадиновски за МРТ: Поголема контрола врз работењето на секој судија со новиот Акт од септември
05/07/2024
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски во интервју за Македонската радио телевизија емитувано на 4 јули во централниот Дневник, изнесе детали од новините во Актот кој го изгласа Судот и кој стапува во сила на 1 септември оваа година. Костадиновски ги издвои како исклучително важни одредбите кои ќе придонесат за поголема ефикасност на Судот […]
Соопштенија
Костадиновски за МРТ: Сите реформи во правосудството да бидат согласно Уставот
04/07/2024
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски гостуваше во централниот Дневник на МРТ кај новинарот Стојан Трпчевски и одговараше на прашања поврзани со правосудството, приоритетите во неговиот мандат, значењето на новиот Акт и позитивните ефекти кои се очекуваат од неговата примена. На прашање во врска со актуелните реформи кои се најавуваат во правосудството Костадиновски нагласи […]
Соопштенија
Средба Костадиновски-Георгиевски: Ќе се унапредува соработката на Уставен суд со Правниот факултет „Јустинијан Први”
04/07/2024
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски денеска оствари работна средба со деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први”, проф. д-р Сашо Георгиевски. На средбата се дискутираше за можностите за унапредување на соработката помеѓу Уставниот суд и Правниот факултет. Претседателот д-р Костадиновски го информираше проф. д-р Георгиевски за приоритетите во својот мандат, меѓу кои највисоко на […]
Соопштенија
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски во МВР пријави закани по животот и безбедноста врз уставни судии
24/06/2024
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи, за упатени закани по животот и безбедноста на судии на Уставниот суд. Пријавата е поднесена поради директно упатени закани кон судија односно судии поврзани со постапување по конкретен предмет од страна на Судот. Претседателот Костадиновски најостро ги осудува ваквите закани […]
Соопштенија
Уставниот суд поведе постапка за два члена од законските измени на Законот за облигациони односи
20/06/2024
Уставниот суд денеска одлучи да поведе постапка за член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи.  Изгласано е времено запирање од извршување на оспорените одредби (т.н „времена мерка”). Во оваа фаза Судот изрази сомнеж дека оспорените членови се во спротивност со повеќе уставни одредби меѓу кои и владеењето […]
Соопштенија
Работна средба на претседателот на Уставниот суд д-р Костадиновски и италијанскиот амбасадор Силвестри
17/06/2024
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски и судијата, проф. д-р Ана Павловска-Данева денеска остварија работна средба со Н.Е. Амбасадорот на Република Италија, Адреа Силвестри.  Централна тема на разговор беше испитување на можностите за остварување на билатерална соработка помеѓу уставните судови на двете држави.  Претседателот д-р Костадиновски го информираше амбасадорот Силвестри за приоритетите во неговиот […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Костадиновски: Приоритет во мојот мандат ќе биде враќањето на довербата во Уставниот суд и во правната држава
10/06/2024
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски денеска одржа прв брифинг со новинарите на којшто ги запозна со приоритетите и активностите во раководењето со Судот во следниот период. Костадиновски како прв приоритет во неговиот мандат како претседател на Судот го посочи враќањето на довербата во Уставниот суд и во правната држава и посочи дека ќе […]
Соопштенија
Уставниот суд издаде Монографија по повод 60 години од основањето
06/06/2024
Уставниот суд ја означи 2024 година како јубилејна година по повод 60 години од своето основање. Во рамки на одбележување на долгогодишната традиција Судот организира повеќе активности меѓу кои и издавање на Монографија со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во прилог прочитајте повеќе за историјатот на Уставниот суд, надлежностите, денешниот состав на судии […]
Други документи, Објави, Соопштенија