Соопштенија

1,059

Архива

Изберете година и месец

Запрена постапката за оценување на уставност на членот 230 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување. 
18/04/2024
Уставниот суд ја запре постапката за оценување на уставност на членот 230 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, што значи дека нема да се преиспитува уставноста на одредбата со која се утврдува највисоката пензија. Судот утврди дека поведувањето на постапката на 11 мај 2021 година било засновано врз погрешна фактичка состојба и одлучи дека […]
Соопштенија
Претседателката Добрила Кацарска на средба со Џилијан Стирк, шефица на мисијата за набљудување на изборите при ОБСЕ/ОДИХР
12/04/2024
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, оствари работна средба со Џилијан Стирк, шефица на Mисијата за набљудување на изборите за претседател на Републиката и пратеници во Собранието при ОБСЕ/ОДИХР. Претседателката Кацарска, ја информираше Стирк дека Уставниот суд нема надлежност директно да одлучува за изборниот процес, но согласно Уставот, може да одлучува за уставноста на Изборниот […]
Соопштенија
Уставниот суд поведе постапка во 14 предмети кои ги оформи по сопствена иницијатива.
11/04/2024
Уставниот суд поведе постапка во 14 предмети кои ги оформи по сопствена иницијатива. Судот изрази сомнеж дека 14 општини без да имаат законско овластување си пропишале надлежност за автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат. Тоа би било можно доколку законодавецот им определи таква надлежност, што сега не е случај. Покрај поведувањето на постапка во […]
Соопштенија
Не се поведува постапка за оценување на 3 члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи
03/04/2024
Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за оценување на уставност на три члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи. Имено, не се прифатени наводите во иницијативите на политичката партија Левица, Хелсиншки комитет за човекови права, Сојуз на синдикатите на Македонија и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање бидејќи Судот не најде неуставност во одредбите кои […]
Соопштенија
Благодарници за вработените во Уставниот суд за успешно организирање на Меѓународна конференција по повод 60 години Уставен суд
01/04/2024
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска додели благодарници во знак на изразување почит за работата и учеството на вработените ангажирани за Меѓународната конференција по повод 60 години Уставен суд на Република Северна Македонија. Големиот јубилеј Судот го прослави на 15 март, беше одбележан со организирање конференција на која говореа дваесетина домашни и гости од европскиот […]
Соопштенија
Поништена одредба од Законот за поддршка на социјално ранливи категории која ги ограничуваше повозрасните од 65 години да добијат надоместок
29/03/2024
Уставниот суд го поништи член 3 став 1 точка 2) во делот „најмногу до 65 годишна возраст” од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани. Според член 3 став 1 точка 2) од Законот „корисници на правото на надоместок заради попреченост” се лица со навршена 26 годишна возраст, а најмногу до 65 […]
Соопштенија