граѓани
-
У.бр.2/2024, У.бр.3/2024 и У.бр.203/2023
СЕ УТВРДУВА неуставност и незаконитост на член 8 став 2 во деловите „кои се прибираат” од Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци, во време на важењето. Оваа одлука има правно дејство на одлука со која се поништува член 8 став 2 во деловите „кои се прибираат” од Правилникот; СЕ…
-
У.бр.105/2024
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 16 став 4 од Законот за управни спорови
-
У.бр.208/2023
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 67-а став 1 во делот „Прекршочниот“ од Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија
-
У.бр.108/2024
СЕ ОТФРЛА барањето на Глигорие Ќатоски од Струга за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот, предвидени во член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, кои се однесуваат на забрана на дискриминација по основ на национална и социјална припадност
-
У.бр.150/2024
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 2 од Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште
-
У.бр.41/2023
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за вештачење
-
У.бр.170/2024
СЕ УКИНУВА Правилникот за начин и постапка за добивање на уверение за сметководител и овластен сметководител и упис во регистар, донесен од Управниот одбор на Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија
-
У.бр.102/2024
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на делот „Доколку не се приложат изјавите за согласност за исправка на грешка или постоењето на истата се утврди во постапка по службена должност, направената грешка не се отстранува, а постоењето на грешката се прибележува во имотниот лист, со потврда за запишување на промена.“ од член 209…
-
У.бр.69/2023 и У.бр.70/2023
СЕ УКИНУВА член 2 став 2 алинеја 6 од Правилникот за постапката за доставување и регистрирање на колективните договори и нивните измени до надлежниот државен орган и начинот на водење на евиденцијата на доставените колективни договори и нивните измени
-
У.бр.206/2023
СЕ УКИНУВА член 88 ставови 8 и 9 од Законот за дивечот и ловството и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 88 ставови 8 и 9 од Законот за дивечот и ловството
-
У.бр.151/2023
СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за почетна обука, донесен од Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
-
У.бр.185/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 13 став 2 и член 14 став 1 од Статутот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија