-
Не е поведена постапка за одредби од Законот за минимален глобален данок на добивка
На одржаната 4. седница на 18. 02.2026 година, Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 54 став 1 во делот „2024 година 10%“, став 2 во делот „2024 година 8%“ и член 59 став 1 од Законот за минимален глобален данок на добивка („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 3/2025). Уставниот…
-

Дневен ред за 5. седница закажана за 25.02.2026 година
На 25 февруари 2025 година(среда) со почеток во 9:30 часот Уставниот суд ќе ја одржи 5. седница во 2026 година Дневен ред на кој ќе се дискутира по седум предмети за оценување на уставност и законитост и предвидено е да се гласа по пет Предлог-одлуки. I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ Реферат У.бр.65/2025, У.бр.88/2025,…
-
Поведена постапка за оценување на делови од Колективниот договор на УЈП кои се однесуваат на финансиската поддршка за Синдикатот
На 4. седница одржана денеска, Судот поведе постапка за оценување на законитоста на член 97, ставови 6, 7, 8, 9 и 10 од Колективниот договор на Управата за јавни приходи бр.01-4228/1 од 12.07.2023 година и бр.0102-4/1 од 21.07.2023 година и не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 98 од Колективниот договор…
-
Соопштение по одржаната 4. седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска 18.02.2026 ја одржа 4. седница на која дискутираше по седум иницијативи за оценување на уставност и законитост и одлучи: 1. Реферат У.бр.25/2025 Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Член 57-г став 2 од Законот за девизно работењe („Службен весник на Република Македонија” бр.34/2001, 49/2001, 103/2001, 54/2002, 51/2003, 82/2008, 24/2011,…
-

Прес-конференција на претседателот Костадиновски по потпишување на Меморандумот за соработка со Академијата за судии и јавни обвинители
По потпишување на Меморандум за соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски денеска одржа прес-конференција на која одговори на сите прашања од новинарите. Во продолжение дел од одговорите: За изборот на проф. д-р Гоце Наумовски за нов уставен судија: Во уставното судство има неколку типа судии, кои…
-

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Академија за судии и јавни обвинители
Денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд на Република Северна Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители, со цел унапредување на меѓуинституционалната соработка, размена на знаења и искуства, како и зајакнување на професионалните капацитети во областа на уставното право и правосудниот систем. Со Меморандумот се предвидува организирање на заеднички обуки, семинари, конференции…
-
Уставниот суд ќе склучи Меморандум за соработка со Академијата за судии и јавни обвинители
Во насока на унапредување на меѓуинституционалната соработка и продлабочување на стручниот дијалог за уставно-правни прашања, Уставен суд на Република Северна Македонија и Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, утре, 17.02.2026 година ќе одржат свечен настан по повод потпишување на Меморандум за соработка. Меморандумот се склучува со цел да се воспостави и унапреди соработката,…
-
Повик до граѓаните: Средби со претседателот на Уставниот суд
По повод одбележувањето на значајната 62 годишна традиција на Уставниот суд, кој 15 февруари 1964 година прв пат почна со работа,Судот ги повикува сите заинтересирани граѓани на редовни средби со претседателот д-р Дарко Костадиновски. Средбите, ќе се одржуваат секој прв четврток во месецот. Целта на овие средби е да се приближи работењето на Уставниот суд…
-

Советникот на Судот, Мајлинда Исмаили учесник на студиска посета во Стразбур посветена на човековите права и одржлива животна средина во ЈИЕ
Советникот на Уставниот суд, Мајлинда Исмаили, беше дел од учесниците на студиската посета и проектниот завршен настан „Човекови права и одржлива животна средина во Југоисточна Европа“ во Стразбур. Настанот беше посветен на унапредување на примената на стандардите за човекови права во областа на заштитата на животната средина, со посебен фокус на судската практика на Европскиот…
-

Дневен ред за 4. седница на Судот закажана за 18 февруари 2026 година
На 18 февруари 2026 година, среда, со почеток во 9:30 часот, Уставниот суд ќе ја одржи 4. седница со Дневен ред за кој се предвидени седум иницијативи за оценување на уставност и законитост. 1. Реферат У.бр.25/2025 Оспорен акт: Член 57-г став 2 од Законот за девизно работењe(„Службен весник на Република Македонија” бр.34/2001, 49/2001, 103/2001, 54/2002,…
-

Вработени во службата на Уставниот суд учествуваа на обука за стратешко планирање и управување со човечки ресурси
Вработени од стручната служба на Уставниот суд учестуваа на обука фокусирана на стратешко планирање, управување со човечки ресурси, улога на кадровскиот капацитет и евалуација, поддржана од ЕУ проектот ИПА 3. Обуката беше насочена кон унапредување на институционалното планирање, подобрување на организациските процеси и зајакнување на системот за оценување и професионален развој на административниот кадар. Посебен…
-

Говор на претседателот д-р Костадиновски на 9 состанок на високо ниво во Египет
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски се обрати на 9. состанок на високо ниво на претседатели на уставни, врховни судови и уставни совети на Африка koj се одржува на 7 и 8 февруари во Арапската република Египет. Во фокус на настанот се современите предизвици на уставната правда. Костадиновски се обрати на сесијата посветена на…