На 24.03.2026 година, во Уставниот суд се одржа тркалезна маса на тема „Воведување на уставна жалба?“, со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Во рамки на настанот, свое излагање имаше и професорот по уставно право и административно право, Јетон Шасивари, кој истакна:
Нашиот Устав не ги регулира главните прашања поврзани со уставната жалба како специфичен правен инструмент како што се прашањата за називот, предметот, легитимацијата, рокот за поднесување, супсидијарноста, и друго. Но, сепак повеќето од овие прашања се регулирани со Актот на Судот. Сегашниот предмет на заштита е многу рестриктивен бидејќи опфаќа само три слободи и права така што во иднина, е потребна уставна измена со која предметот на заштита би се проширил опфаќајќи ги правата признати со ЕКЧП како најсоодветен модел.
Сметам дека Уставниот Суд како да “застана на средина на патот” со сегашната неможност за поништување или укинување на поединечните акти (административни и судски), бидејќи со тоа се доведува во прашање уставната моќ на Судот за реставрирање на повредените слободи и права. Овој аспект е од особена важност од перспектива на Судот во Стразбур во поглед на ефективноста на овој правен инструмент.
