На 24.03.2026 година, во Уставниот суд се одржа тркалезна маса на тема „Воведување на уставна жалба?“, со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Во рамки на настанот, свое излагање имаше и судијата, проф. д-р Осман Кадриу, кој изјави:
„И овој пат се потврдува една неспорна околност, сите се залагаме за едно прашање кое добива право на граѓанството и во нашето општество, а станува збор за човековите слободи и права и нивна заштита и пред Уставнот суд.
Овде две прашања се фундаментални, материјално-правниот аспект на заштитата и формално-правниот аспект, како да се обезбеди таа заштита.
По однос на првото прашање и досега на повеќе научни маси и на меѓународни конференции, организирани од нашиот суд или други судови, прашањето за заштита неспорно се нагласува како неминовност на современите правни системи, на современите правни поредоци. И уставно-правната наука нема дилеми дека воведувањето на уставната тужба или жалба, претставува важно правно средство за да се обезбеди заштита пред Уставниот суд.
Дилемите беа, и се присутни и се рефлектираат во секоја „in concreto” дадена ситуација, во кој опсег да се обезбеди заштитата на човековите права.
Правило е дека поголемиот дел на уставните правни системи се определуваат, да пред Уставниот суд уживаат заштита сите основни слободи и права што ги гарантира Уставот на земјата. Тоа е најопширен опсег на нивна заштита.
Се поставува прашањето дали државата има можност за сите основни слободи и права што ги гарантира Уставот, да им обезбеди уставно-судска заштита или таква можност нема. Втората група во која спаѓаме и ние има сосема рестриктивен пристап,кон слободите и правата од аспект на нивна уставно-судска заштита. Една група земји се во малцинство не нудат никаква уставна гаранција дека слободите и правата на човекот ќе имаат уставно-судска заштита.
По основ на основните слободи и права што ги гарантира Уставот, сметам дека најголемиот дел на земјите кои го имаат уредено уставниот систем, се одлучени за сите слободи и права. Но има размислување еве и нашиот систем дека една третина на одреди се однесуваат на одредени слободи и права..има размислување дека правдата ќе биде задоволена ако се оди на оние права што ги гарантира Европската конвенција”, изјави судијата Кадриу.
