-
Остварена билатерална средба со Уставниот суд на Косово
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски и судиите проф. д-р Осман Кадриу и м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева остварија средба со претседателката Греса Цака Нимани и судиите од Уставниот суд на Косово. „Констатиравме одлични билатерални односи и изразивме подготвеност за натамошно продлабочување на соработката. Беа разменети информации за предизвиците со кои се соочуваме како уставни судови.…
-
Судиите Ана Павловска-Данева и Фатмир Скендер учествуваа на годишна конференција за заштита на животна средина во Будимпешта
Судиите на Уставниот суд, проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер учествуваа на годишната Конференција за човекови права и пристапот на заштита на животната средина и идните генерации, во организација на Европскиот форум на судии за животна средина. Во фокусот на годинашната Конференција беа човековите права и животната средина и аспектите на остварување на…
-
Делегација од Уставниот суд ќе учествува на Втората конференција на Форумот на Балкански уставни судови
Делегација на Уставниот суд предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски ќе учествува на Втората годишна конференција на Форумот на балканските уставни судови која ќе се одржи од 23-25 октомври во Приштина, Косово. Во фокус на Конференцијата ќе бидат темите за еволуцијата во современата уставна правда преку примери од Балканскиот регион. Предвидено е претседателот Костадиновски да…
-
Судијата Јадранка Дабовиќ-Анастасовска учествуваше на Регионална конференција за човекови права и животна средина во Југоисточна Европа
Судијата проф. д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, заедно со претставници од неколку македонски институции и организации учествуваа на Регионална конференција за човекови права и животна средина во Југоисточна Европа. Во фокусот на Регионална конференција беа предизвиците, актуелните прашања и трендови за здрава животна средина, беа разменети мислења за механизмите и пристапите на остварување на правата поврзани со…
-
Свечена пригодност по повод пензионирањето на Јаготка Гијовска, вработена во Судот со најдолг стаж од 40 години
Уставниот суд денеска организираше свечена пригодност по повод заминувањето во пензија на Јаготка Гијовска, една од вработените со најдолг стаж во Судот. Гијовска целиот свој работен век, 40 години го посвети на професионално извршување на работните задачи во одделението за архивско работење на Уставниот суд и со својот ангажман и посветеност придонесе да се унапредува…
-
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Здружението на правници
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и претседателот на Здружението на правници, проф. д-р Горан Коевски потпишаа Меморандум за соработка. Со потпишувањето на Меморандумот ќе се интензивира соработката помеѓу судиите, советниците и членовите на Здружението преку организирање на едукативни работилници за размена на информации за правото на ЕУ и други меѓународни организации чија улога…
-
Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во земјава, Н.Е. Узлем Џанел
Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и судиите м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, м-р Фатмир Скендер и проф. д-р Ана Павловска Данева остварија работна средба со амбасадорката на Кралството Холандија во земјава Н.Е. Узлем Џанел. Претседателот Костадиновски ја запозна амбасадорката Џaнел со неговите јавно прокламирани приоритети кои се во насока на зајакнување на улогата на Уставниот суд…
-
Студенти од Правниот факултет при Американскиот Универзитет на Европа- ФОН во посета на Уставниот суд
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски денеска прими во посета група студенти од Правниот факултет при Универзитетот ФОН во просториите на Судот. На средбата студентите се запознаа со надлежностите и работата на Судот, неговата улога и хиерархиска поставеност во системот, преку воведните обраќања на претседателот и на генералниот секретар м-р Виолета Ѓорѓиевска. Студентите се…
-
Интервју на судијата Павловска-Данева за „Топ тема” на ТВ Телма за одлуката за укинување на „Балансерот”
Судијата на Уставниот суд, проф. д-р Ана Павловска-Данева во интервју во емисијата „Топ тема“ на ТВ „Телма“ водено од новинарот Боби Христов на 09.10.2024 даде осврт на одлуката на Судот да укине одредби од закони и подзаконски акти кои вклучуваат „припадност на заедниците” или во јавноста познато како предметот за т.н „Балансер”. На прашањето што…
-
Прес конференција на претседателот на Уставниот суд, Костадиновски за укинувањето на одредби кои опфаќаат „припадност на заедниците” при јавни огласи
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски како судија-известител на прес конференција ги образложи аргументите на Судот по предметот У.бр.90/2024. Во продолжение целосната изјава на Костадиновски за медиумите: Денеска Уставниот суд одлучи да укине одредби од Законоите за јавен сектор и за јавна администрација, како и подзаконски акти со кои се операционализира темелната вредност соодветна…
-
Соопштение по одржаната 27. седница
На 9 октомври Уставниот суд ја одржа 27. Седница, дискутираше по шест иницијативи и го одлучи следното: 1. Реферат У.бр.6/2024 Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 242 став 1 во делот „семејна“ од Законот за пензиско и инвалидско осигурување („Службен весник на Република Македонија” бр.98/12, 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14,…
-
Укинати одредби од неколку закони и подзаконски акти поврзани со „припадност на заедница” при вработувања во јавниот сектор
Уставниот суд денеска укина делови од одредби на Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Методологијата за планирање на вработувањата на јавниот сектор кои ги содржат зборовите „припадност на заедница, Правилникот за задолжителни елементи на јавниот оглас, Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавен сектор”, како спротивни на…