Соопштение по одржаната 1 седница на Уставниот суд

На 21.01.2025 Уставниот суд ја одржа 1 седница и го одлучи следното: 

I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ

1. Реферат У.бр.124/2023

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 73 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија и  ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за  оценување на уставноста на член 2 ставови 1 и 4 од за Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 158/2010, 123/2012, 43/2014, 153/2015, 6/2016 и 83/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 110/2021, 72/2024, 74/2024, 121/2024 и 16/2025).

Подносител на иницијативата: Славко Лазовски

2.Реферат У.бр.249/24

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 60 став 3 алинеја 2 од Законот за управни спорови („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.96/2019).

Подносител на иницијативата: Александар Наумовски

3. Реферат У.бр.86/2025

Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 218 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија” бр.72/2016, 142/2016, 178/2017, 26/2018 и 233/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.14/2020 и 154/2023).

Подносител на инцицијативата: Николче Митевски, адвокат

4. Реферат У.бр.104/2022

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 1 од Анексот за изменување на Колективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.32/2019) и член 4 од Анексот за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.32/2020).

Подносител на иницијативата: Насер Муареми и други

5. Реферат У.бр.116/2023

Поради испитување на дополнителни околности предметот е повлечен од дневен ред, ќе биде ставен повторно, на некоја од наредните седници.

Подносител:  Славко Димитров

6. Реферат У.бр.168/2023

Судот не поведе постапка за оценување на член 1 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за геодетски работи за посебни намени, донесен од Управниот одбор на Агенцијата за катастар на недвижости („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.52/2023).

Подносител на иницијативата:  Комора на трговски поединци овластени геодети и трговски друштво за геодетски работи на РМ застапувани од адвокат Бобан Богдановски

7. Реферат У.бр.68/2022

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за усвојување на Конечен детален урбанистички план за дел од блок 1, опфат 2 Урбана единица “Центар”, четврт „А”, КО Гостивар 2, Општина Гостивар, број 08-1369/1 од 29 јули 2021 година (“Службен гласник на Општина Гостивар” бр.5/2021 од 29 јули 2021 година).

Подносител на иницијативата : Taсин Мухаџири

8. Реферат УЗ.бр.10/2025

Судот не донесе одлука поради немање на доволно мнозинство при гласањето. Предметот останува отворен и ќе биде ставен на некоја наредна седница. 

Подносител на иницијативата: Општинска организација на сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи Тетово, преку овластено лице Љиљана Симовска, претседател на организацијата.

9. Реферат УЗ.бр.32/2025

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Буџетот на Општина Карпош за 2025 година („Службен гласник на Општина Карпош” бр. 21/2024 од 18.12.2024 година).

Подносител на иницијативата: Викторија Андоновска

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА

1. Реферат У.бр.275/2024

Судот го одби барањето на подносителот Александар Митовски и не утврди повреда на неговото право на слобода на изразување, согласно член 110 алинеја 3 од Уставот.

III. ПРЕДЛОГ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКА

1. У.бр.209/2024

 Судот го укина член 42 став 7 од Законот за дивечот и ловството („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.263/2023 и 170/2024).

Подносител на иницијaтивата: Владимир Михајловски, aдвокат

У.бр.259/2024

Судот ги поништи член 32 алинеи 1, 2, 3 и 4, член 34 точки 1, 2, 3 и 4, член 35 точки 1, 2, 3 и 4 и член 46 став 8 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Македонија“ бр.141/2014 и 36/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.147/2023, 263/2023, 286/2023, 135/2024, 218/2024, 275/2024 и 215/2025).

Подносител на иницијaтивата: Филип Стефановски

У.бр.42/2025

Судот го укина  член 20-а став 3 од Законот за технолошки индустриски развојни зони („Службен весник на Република Македонија” бр.14/2007, 103/2008, 139/2009, 156/2010, 172/2012, 41/2014, 160/2014, 72/2015, 129/2015, 173/2015, 192/2015, 217/2015, 30/2016 и 83/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.13/2023 и 59/2025).

Подносител на инициајтивата:Игорчо Точев