Уставниот суд денеска (28.01.2026) ја одржа 2. седница и по дискусијата и гласањето ги донесе следните одлуки и решенија:
1.Реферат У.бр.118/2024
Судот не поведе постапка за оценување на член 23 став 2 и став 5 од Законот за општата управна постапка(„Службен весник на Република Македонија1” број 124/2015 и 65/2018).
Подносител: Оливер Давидовски
2. Реферат У.бр.203/2024
Судот не поведе постапка за оценување на член 40 став 2 од делот „листата на професионалните болести” од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија” бр. 98/2012, 166/2012, 15/2013, 170,2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20,2015, 61/2015, 97,2015, 97/2015, 129/2015, 27/2018, 35/2018, 220/2018, 245/2018, и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 180/2019, 275/2019, 31/2020, 94/2020, 267/2020, 67/2022, 79/2023, 193/2024, 75/2025 и 154/2025).
Подносител на иницијативaта: Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
3.Реферат У.бр.23/2025
Поради испитување на дополнителни околности предметот е повлечен од Дневен ред и ќе биде ставен на некоја од наредните седници.
Oспорен: Член 1 став 3 во делот “Академија за судии и јавни обвинители” од Законот за судски буџет и „(Службен весник на Република Македонија”).
Подносители на иницијативата: Игорчо Точев, Љубица Стојковска-Перковска, Биљана Димовска, Евица Џајковска, Рољанда Доко, Атеме Муамеди, Анета Стевановиќ, Незаат Реџепи, Мирјанка Тренчевска, Иљбере Нухиу и Едвин Захитовиќ
4. Реферат У.бр.36/2025
Судот поведе постапка за оценување на постапка на член 7 став 2 и не поведе постапка за оценување на уставноста на член 7 став 1 од Законот за изменување на Законот за железничкиот систем („Службен весник на Република Северна Македонија” број 187/2024).
Подносител на иницијативата: Друштво за трговија и услуги ЛОКО ТРЕЈД ДОО Скопје преку полномошник Mиа Ношпал Чорак
5. Реферат У.бр.38/2025
Судот ја отфрли иницијативата за оценување на член 7 став 8 во делот „регистарот од ставот (5) на овој член” од Законот за јавна чистота („Службен весник на Република Македонија” бр.111/2008, 64/2009, 114/2010, 23/2011, 53/11, 47/2012, 80/2012, 163/2013, 44/2015, 147/2015, и 31/2016, и Службен весник на Република Северна Македонија” бр.122/2021 и 255/2024).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
6. Реферат У.бр.87/2025
Судот ја отфрли иницијативата за оценување на член 38-а од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија” бр.58/2006, 62/2006, 35/2008, 61/2008, 118/2008, 16/2009, 150/2010, 39/2012, 83/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.96/2019).
Подносител на иницијативата: Глигорие Ќатоски и Владимир Стојковски, адвокати
7.Реферат У.бр.89/2025
Судот ја отфрли иницијативата на член 266-в ставови 1 и 2 Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија” бр. 18/2001, 04/2002, 05/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009, и 123/2013 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.215/2021 и 154/2023).
Подносител на иницијативата: Душко Чангов
8. Реферат УЗ.бр.14/2025
Поради утврдување на дополнителни околности предметот беше повлечен од денешната седница и ќе биде ставен на Дневен ред на наредната седница
Оспорен: член 15 во делот „или посебен акт на работодавачот” од Општиот колективен договор за јавниот сектор („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.154/2023).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
9.Реферат У.бр. 191/2023
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 9 став 1 точките 1, 2, 3, 4, 5 во целина и точка 6 во делот „ако има дозвола за емитување програма на локално ниво, за подрачје со под 50.000 жители и став 3, член 21 став 1 точките 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 8, став 2 точките 1, 2 и 3 во делот “едно лице ако има дозвола за емитување на програма на локално ниво” и став 4 од Правилникот за минимални технички, просторни,финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување донесен од страна на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија” број 172/2014 и 76/2015 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ број 204/2023).
Подносител: Ристо Гоговски
10.Реферат УЗ.бр.22/2025
Судот не поведе постапка за оценување на член 1 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за лиценца за вршење геодетски работи („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.273/2023).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
11. Реферат У.бр.266/2024
Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставност и законитост на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за УЗ 7, блок 7.1 Општина Охрид, плански период 2009-2014 бр.07-8141/18 од 25.12.2013 година на Советот на Општина Охрид („Службен гласник на Општина Охрид бр.18/2013).
Подносител на иницијативата: Јован Костовски, адвокат
II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА
1.Реферат БЗСП бр.19/2025
Судот го отфрли барањето за заштита на слободите и правата од подносителот политичка партија „Левица” застапувана од проф. д-р Димитар Апасиев