-
Преглед на работата на Уставниот суд на Република Северна Македонија за 2022 година
Преземи овде (pdf.) [pdf-embedder url=”http://ustavensud.mk/wp-content/uploads/2023/03/ПРЕГЛЕД-2022.pdf”]
-
Судии и советници од Уставниот суд учествуваат на работилница за унапредување на човековите слободи и права по европски стандарди
Судии и советници од Уставниот суд на Република Северна Македонија учествуваат на дводневна тематска работилница на која се споделуваат искуства и примери од Европската конвенција за човекови права, како и сопственичките права за европските човекови стандарди. Оваа работилница се организира преку Уставниот суд на Република Косово, во рамки на проектот „Поддршка на Уставниот суд на…
-
Поништена Одлука на Општина Куманово
Во врска со предметот У.бр.82/2022 Ве информираме дека Уставниот суд ја поништи Одлуката за спроведување и планирање на површини на градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централното градско подрачје во граница на градежен реон на Куманово, број 09-5643/4” од 12 јули 2022 година. Поништен е и Заклучокот бр.08-5915/1 донесен на 12 јули 2022 година…
-
Укинат дел од член 8 од Законот за Судски совет кој се однесува на изборот на претседател
Уставниот суд го укина член 8 став 3 во делот „кои се избрани од страна на Собранието на Република Северна Македонија“, од Законот за Судски совет на Република Северна Македонија. Целосната одредба гласи дека претседателот на Советот и неговиот заменик се избираат од редот на членовите на Советот со право на глас, кои се избрани…
-
Соопштение по одржаната 9-та седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 9. Седница со дневен ред на кој се дискутираше по шест иницијативи за оценка на уставност и законитост и едно барање на заштита на слободи и права и одлучи: Реферат У.бр.66/2022 Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 109 став 3, во делот „Предност имаат кандидати со…
-
Дневен ред за 9. седница на Уставниот суд закажана за 7 март 2023 година
Уставниот суд ќе ја одржи 9. седница на 7 март, вторник во 9:15 часот, со дневен ред на кој е предвидено да се расправа по четири иницијативи за оценување на уставност и законитост, едно барање за заштита на слободи и права и два предлога за одлучување. I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И…
-
Соопштение по одржаната 8. седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 8. Седница со дневен ред на кој се дискутираше по пет иницијативи за заштита на уставност и законитост и одлучи: Реферат У.бр.114/2022 Се поведува постапка за оценување на уставноста на член 56 став 1 точка 3 од Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/2004, 128/2006, 63/2007, 88/2008,…
-
Уставниот суд го укина членот 22 од Законот за плата и другите надоместоци на избраните и именувани функционери кој се однесува на т.н апанажа
Поради интерес на повеќе медиуми за предметот 8/2022 информираме дека Уставниот суд на денешната седница го укина членот 22 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани функционери. Содржината на овој член е дека пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за…
-
Дневен ред за 8. седница на Уставниот суд
Уставниот суд ќе ја одржи 8. седница на 1 март, среда во 9:30 часот, со дневен ред на кој е предвидено да се расправа по пет иницијативи за оценување на уставност и законитост. I- РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА: Реферат У.бр.93/2022 Оспорена одредба: Член 2 точка 29 во делот: „заверена…
-
Соопштение по одржаната 7. седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 7. Седница со дневен ред на кој се разгледуваа четири иницијативи и едно барање за заштита на слободи и права: У.бр.22/2020 и У.бр.231/2020 Предлогот на судијата-известител да не се поведува постапка за членот 110 од Законот за јавно обвинителство не го доби потребното мнозинство од пет гласа. Меѓу оспорените одредби…
-
Соопштение по одржаната 6. седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 6. Седница на која се дискутираше по четири иницијативи и едно барање за слободи и права. Ве известуваме дека Судот го објавува ова соопштение по завршување на седницата и поради јавноста накусо е напишана причината за одлучувањето, додека подеталното образложение ќе биде содржано во текстовите на решенијата кои ќе се утврдат…
-
Соопштение по одржаната 5. седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 5. Седница со дневен ред на кој се дискутираше по пет иницијативи за оценување на уставност и законитост и одлучи: 1.Реферат У.бр.225/2020 Нe се поведува постапка за оценување на уставноста на член 24 став 3 во делот: „со истиот статус на работен однос“ од Законот за јавното обвинителство („Службен весник…