Советниците на Уставниот суд на 21 мај 2025 година ќе присуствуваат на обука организирана преку механизмот ИПА 3 и проектот за зајакнување на капацитетите на Уставниот суд, којшто го спроведува ЕУ Делегацијата во Скопје.
Тема на обуката е „слобода на мислата, совестта и религијата- правни што ги применува Европскиот суд за човекови права”.
Воведно обраќање ќе одржи Виктор Гастоз, раководител на ЕУ проектот. Обуката ќе ја одржи поранешната судијка на Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, која ќе презентира практични случаи од праксата на ЕСЧП во корелација со членот 9 и македонското законодавство и примена.
Ова е втора работилница која се организира со поддршка на ЕУ проектот со цел зајакнување на кадровските капацитети на Уставниот суд, подобрени законодавни, нормативни компетенции на надлежност на Уставниот суд и заштита на основните права, Зајакнати менаџерски, административни и капацитети за човечки ресурси, зголемена транспарентност и подобрено управување со работата на Уставниот суд и квалитето на уставната правда.