Соопштенија

1,068

Архива

Изберете година и месец

Средба на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Томас Герберих
22/11/2019
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, на 25 ноември 2019 година (понеделник) ќе одржи средба со Н.Е. г-дин Томас Герберих, Амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија со почеток во 15.00 часот.
Домашни активности, Соопштенија
Учество на семинар на тема „Правото на Енергетската Заедница“
22/11/2019
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и генералниот секретар на Судот, Александар Лазов, присуствуваа на семинарот на тема „Правото на Енергетската Заедница“ организиран од Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев и Енергетската Заедница, што се одржа денес, 22 ноември 2019 година со почеток во 10.00 часот. Семинарот е наменет […]
Домашни активности, Соопштенија
Соопштение по повод средбата на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Француската Република, Н.Е. г-дин Кристиан Тимоние
18/11/2019
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Сали Мурати, денес 18.11.2019 година оствари средба со Амбасадорот на Француската Република во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Кристиан Тимоние. На средбата беа разменети мислења и информации, како и беа разгледани можностите за продлабочување на соработката помеѓу уставните судови на двете земји. Во тој контекст претседателот Сали […]
Домашни активности, Соопштенија
Дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“
14/11/2019
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати присуствуваше на дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“ која се одржа на 13 ноември 2019 година во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“. Дебатата беше одржана на заедничка иницијатива на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, […]
Домашни активности, Соопштенија
Присуство на 118-та седница на Собранието на Република Северна Македонија
06/11/2019
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г-дин Сали Мурати на ден 5 ноември 2019 година, присуствуваше на 118-та седница на Собранието на Република Северна Македонија на која г-дин Давид Сасоли, претседател на Европскиот Парламент, се обрати пред пратениците на Собранието на Република Северна Македонија.      
Домашни активности, Соопштенија
Официјална посета на Делегација на Уставниот суд на Република Бугарија на Република Северна Македонија, 10-13 јуни 2019 година
07/06/2019
Во периодот од 10 до 13 јуни 2019 година, на покана на Уставниот суд на Република Северна Македонија, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува делегација на Уставниот суд на Република Бугарија, предводена од претседателот на Судот, проф. Борис Велчев. Во состав на Делегацијата ќе бидат и осум судии на Уставниот суд на […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Билатерална посета на Уставниот суд на Република Турција на Уставниот суд на Република Македонија
07/09/2018
Во периодот од 9-12 септември 2018 година, на покана на Уставниот суд на Република Македонија, делегација на Уставниот суд на Република Турција предводена од претседателот на Судот, г. Зухту Арслан и уште двајца судии и судија известител на Судот, ќе остварат билатерална средба со Уставниот суд на Република Македонија. Во текот на работниот дел на […]
Меѓународни активности, Соопштенија