Соопштенија

1,067

Архива

Изберете година и месец

Претседателката на Судот Добрила Кацарска учествуваше на онлајн состанок на Конференцијата на европски уставни судови
25/05/2022
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска учествуваше на онлајн состанок на Конференцијата на европски уставни судови во која членува и Уставниот суд на Република Северна Македонија. Станува збор за подготвителен состанок на кој се разгледуваа прашања и теми поврзани со одржувањето на 19. Конгрес на оваа конференција која е планирана да се одржи во […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Склучен Меморандум за соработка со Уставниот суд на Република Бугарија
18/05/2022
Делегација на Уставниот суд на Република Бугарија предводена од претседателката Павлина Панова ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија од 18-21 мај 2022 година.  Со желба да ja унапредат билатералната соработка поврзана со работните области, да споделуваат знаења и искуства и да ги зајакнат институционалните капацитети преку соодветна правна рамка, двата уставни суда […]
Соопштенија
Соопштение по XVI-та седница на Уставниот суд
17/05/2022
Почитувани, Уставниот суд денеска ја одржа шеснаесеттата седница за 2022 година на која присуствуваа сите пет судии. По расправа за предметите од денешниот дневен ред одлучи да: 1.Реферат У.бр.53/2021- Предлогот на судијата-известител за неповедување на постапка не го доби потребното мнозинство и овој предмет ќе биде ставен на една од наредните седници. Оспорен: Член 244-а став […]
Соопштенија
Ученици го посетија Уставниот суд-се подготвуваат за меѓународен натпревар во Романија
05/05/2022
Ученици од меѓународните  училишта НОВА го посетија Уставниот суд и се запознаа со работата и надлежностите на судиите. Посетата беше организирана на барање на учениците поради можност за учење и подготовка за интернационален натпревар во Романија на кој ќе се симулира судење. Учениците  беа присутни на јавната седница која се одржа вчера (04.05.2022) во Уставниот […]
Uncategorized, Соопштенија
Меѓународна конференција во Анкара по повод 60 години од основањето на турскиот Уставен суд
03/05/2022
Делегација на Уставниот суд предводена од претседателката Добрила Кацарска присуствуваше на меѓународна конференција во Анкара на тема „Толкување на Уставот во заштитата на човековите права и слободи”. Конференцијата беше организирана во периодот 25-27 април по повод одбележување на 60-годишниот јубилеј на Уставниот суд на Република Турција.        Во рамки на првата сесија беа отворени темите за […]
Соопштенија
Преглед на иницијативи и барања предложени за XIV-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 4.05.2022 година (среда), со почеток во 09:30 часот
21/04/2022
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА: Реферат У.бр.20/2022 Оспорен: Делот „20, 55 од Законот за изменување и дополнување на Законот за експлозивни материи („Службен весник на Република Македонија” бр.12/1993); -делот: „член 30″ од член 31, делот: „Министерство за стопанство” од член 59 и член 72 ставови 1 и 2 од […]
Дневен ред, Соопштенија
Соопштение по XIII-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија
20/04/2022
Почитувани,  Уставниот суд информира дека Рефератот У.бр.4/2022 е повлечен од дневен ред за некоја од наредните седници. На почетокот на денешната седница судијата-известител побара Рефератот да биде повлечен поради технички корекции. За појаснување, не се работи за повлекување на иницијативата која опфаќа „работа во недела” , станува збор за доработка на рефератот.  Подносител на иницијативата: […]
Соопштенија
Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за XIII-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 20.04.2022 година (среда), со почеток во 09,30 часот
14/04/2022
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА: Реферат У.бр.4/2022 Oспорен: Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.288/2021) Подносител: Стопанска комора на Северна Македонија Дел од наводите во иницијативата: Подносителот смета дека оспорениот закон кој се однесува на уредување на работата во недела […]
Дневен ред, Соопштенија