Соопштенија

1,067

Архива

Изберете година и месец

Укината Одлуката за донесување на ДУП на Општина Центар од 2014 година
25/01/2023
Уставниот суд на денешната седница одлучи да ја укине Одлуката со која на 18 јули 2014-та година  Советот на општина Центар го донесе Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07  со локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара.   Судот оцени дека Одлуката за ДУП на Општина Центар е спротивна […]
Соопштенија
Соопштение за предметот за слободи и права на подносителот Влатко Стојановски
18/01/2023
На седницата која се одржа денеска судијата-известител по предметот 146/2021 побара дополнување на дневниот ред и предложи по овој предмет да се отвори дискусија. Имено, се работи за предметот во кој подносител е новинарот на Фокус, Влатко Стојановски кој бара да се утврдат повреди на уставно загарантираните слободи и права, кои според него се направени […]
Соопштенија
Уставниот суд поведе постапка за Одлука на Советот на Општина Карпош за ДУП во кој е предвидена изградба на бензинска пумпа
11/01/2023
Поради интерес на повеќе медиуми и невладини организациии ве информираме дека Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за Одлука на Советот на Општина Карпош од од 03.03.2022 година за донесување на ДУП за Градска четврт 3. 04, Блок 3 04.05. Со поведувањето на постапката Уставниот суд изразува сомнеж во уставноста но и […]
Се поведува постапка, Соопштенија
Говор од завршната прес-конференција на претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска
28/12/2022
Почитувани, граѓани,  Оставаме зад нас една година полна со неизвесност и oтежнато функционирање на Уставниот суд во вршењето на неговите надлежности но и година на посветеност, макотрпна работа и домаќинско менаџирање на Судот, како резултат на несебичниот ангажман на судиите и сите вработени.  Темата со неизбирањето на судиите сẻ уште е сериозен проблем за Уставниот […]
Соопштенија
Уставниот суд оформи седум нови предмети по иницијативи поднесени во периодот од 24 до 28 ноември 2022 година
23/12/2022
Во периодот од 24 до 28 ноември 2022 година оформени се нови предмети во Уставниот суд, по претходно поднесени иницијативи. Предметите се во фаза на претходна постапка, што значи Уставниот суд допрва ќе ја испитува основаноста на нивните наводи, а по оформувањето на реферат со конкретен предлог за осопорените одредби ќе се одлучува на седница. […]
Соопштенија
Студенти на постдипломски студии по уставно право и политички науки во посета на Уставниот суд
21/12/2022
Студенти на постдипломски студии по уставно право и по политички науки од Правниот Факултет „Јустинијан I” во Скопје, го посетија Уставниот суд и се запознаа со начинот на работа и надлежностите на судиите. Присуствуваа на 41. седница којашто се одржа на 20 декември 2022 година и ја следеа дискусијата на тековните предмети по коишто Уставниот […]
Соопштенија
Почина Ѓорги (Гога) Николовски, поранешен претседател на Уставниот суд
20/12/2022
По повод смртта на Ѓорѓи (Гога) Николовски, поранешен судија и претседател на Уставниот суд, Судот изразува длабоко сочувство до неговото семејство и блиски пријатели и роднини.  Николовски беше претседател на Уставниот суд во периодот од 1979 до 1986 година и остави пример на професионалец кој дал значаен придонес во градењето на традицијата на уставното судство […]
Соопштенија