Соопштенија

1,067

Архива

Изберете година и месец

Формиран Балкански форум на уставни судови- Уставниот суд на Република Северна Македонија меѓу основачите
28/10/2023
Претседателката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Добрила Кацарска  во име на Судот потпиша Меморандум за разбирање и основање на Балкански форум на уставни судови заедно со претседателите на уставните судови на Бугарија, Албанија, Црна Гора, Косово и Турција.  Балканскиот форум на уставни судови  е основан за да помогне во развивање на меѓусебен дијалог, […]
Меѓународни активности, Соопштенија
(ВИДЕО) Говор на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска на основањето на Балканскиот форум на уставни судови
28/10/2023
Почитувани присутни, Голема чест е да се биде овде на основањето на Балканскиот форум на уставни судови. Пред околу година и половина ова беше само идеја, кога на една средба со мојата драга Павлина разговаравме и дискутиравме за неговата улога и значењето koe ќе го има на Балканот, во дадениот моментум. Затоа е уште поголемо […]
Соопштенија
Судијата Осман Кадриу говорник на Регионална конференција во Република Косово
25/10/2023
Делегација на Уставниот суд претставувана од судиите проф. д-р Осман Кадриу и Насер Ајдари учествува на одбележувањето на 14-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово.   По тој повод во Приштина се одржа Регионална конференција со фокус на придонесот на уставните судови за заштита и зајакнување на основните вредности на демократијата, владеењето на правото […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска на средба со експертска група за спроведување проект за развој на капацитети
19/10/2023
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска оствари работна средба со тим составен од шестмина експерти, за спроведување на ИПА 3 проектот кој се однесува на развивање на капацитетите на Уставниот суд за пристап до уставноста и законитоста и донесување на нормативни акти и заштита на основните права. На средбата, претседателката Кацарска информираше за досега […]
Соопштенија
Зголемен прилив на предмети во Уставниот суд во август и септември 2023 година
13/10/2023
Уставниот суд бележи  зголемен прилив на примени иницијативи и новоформирани предмети во периодот на месеците август и септември. Според статистиките кои ги води Уставниот суд оформени се 53 нови предмети во периодот од 1 август до 30 септември 2023 година. Судот тековно информираше за дел од предметите со оглед дека станува збор за прашања кои […]
Соопштенија
Честитка по повод 11 Октомври- Денот на народното востание на македонскиот народ
11/10/2023
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска по повод денешниот празник 11 Октомври, оддаде почит и положи свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.  Во свое лично име и во име на Судот  претседателката Кацарска упатува искрени честитки до сите граѓани на државата.  -Нека денешниот празник остане неисцрпна инспирација за правилните одлуки, пркос и вечна борба за […]
Соопштенија
Говор на претседателката Добрила Кацарска од обраќањето на тема: „Улогата на Уставниот суд во заштитата на приватна сфера на граѓанинот”
07/10/2023
УЛОГАТА НА УСТАВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЗАШТИТАТА НА ПРИВАТНАТА СФЕРА НА ГРАЃАНИНОТ Почитуван претседател на Уставниот суд на Црна Гора,  Почитувани колеги, Почитувани претставници на Фондацијата ИРЗ, Дозволете во мое и во име на моите колеги – судиите на Уставниот суд на Република Северна Македонија, да се заблагодарам на поканата за учество […]
Меѓународни активности, Соопштенија