Соопштенија

1,059

Архива

Изберете година и месец

Одржана обука за правните советници во Уставниот суд за слободата на изразување и слободата на собирање и на здружување
23/09/2024
Правните советници од Уставниот суд беа дел од обука на која се обработуваат теми од областа на слободата на изразување и слободите на собирање и здружување, интерпретирани преку праксата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Во рамки на обуката беа разработени формите и основите на овие права и слободи на граѓаните преку конкретни примери […]
Соопштенија
Костадиновски на Регионална конференција: Уставниот суд бескомпромисно ќе ја поддржува слободата на изразување
20/09/2024
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски денеска беше говорник на регионална конференција во Маврово во рамки на проектот „Зајакнување на владеењето на правото преку медиумска слобода”, во организација на Здружението на новинарите во Македонија и во соработка со организациите Free Press Unlimited и Netherlands Helsinki Comitte. Костадиновски се обрати на темата за слободата на […]
Соопштенија
Соопштение по одржаната 22. седница
18/09/2024
1.   У.бр.90/2024  Се поведува постапка за оценување на уставноста на член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“,од Законот за вработените во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 143/19 14/20 и 302/20);  член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“ од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр.27/14, 199/14, 48/15, […]
Соопштенија
Судот поведе постапка за одредби од неколку закони и подзаконски акти поврзани со зборот „припадност на заедница” при вработувања во јавен сектор
18/09/2024
Уставниот суд денеска поведе постапка за одредби од Законот за вработени во јавен сектор, Законот за административни службеници, Правилникот за задолжителни елементи на јавниот оглас при вработување во јавен сектор, односно одредби од акти оспорени од страна на Државната комисија за спречување на корупција.  Судот ги оцени како основани наводите во иницијативата на Комисијата и […]
Соопштенија
Работна средба Костадиновски-Вал: Уставниот суд во приоритетите за соработка на ОБСЕ
17/09/2024
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и судиите Татјана Васиќ-Бозаџиева и Фатмир Скендер остварија работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Н.Е. Килиан Вал.На средбата беше констатирано успешното спроведување на активностите на Судот поддржани од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и предвидени со Меморандумот за разбирање кој беше склучен во февруари 2024 […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Најава за Средба на претседателот д-р Дарко Костадиновски и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал
16/09/2024
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски на 16 септември ќе се сретне со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Н.Е. Килијан Вал.  Ова е прва средба на Костадиновски по негоиот избор како претседател и е во насока на продолжување на соработката со Мисијата која во февруари годинава беше означена со Меморандум за разбирање. […]
Соопштенија
Уставниот суд бара информации од надлежните дали се спроведува Oдлуката за јавен превоз за сите средношколци
13/09/2024
Почитувани, По прашања од повеќе медиуми во врска со извршувањето на одлуката У.бр.81/2023-1 со која беа укинати делови од Законот за средното образование, во кој беше повреден принципот на еднаквост, при што се правеше разлика меѓу средношколците од јавното и приватното образование,  Уставниот суд информира:  На работниот состанок одржан на 4 септември, Уставниот суд го задолжи генералниот секретар […]
Соопштенија
Соопштение по одржаната 23. седница на Уставниот суд
12/09/2024
По одржаната 23. седница на 12. Септември, Уставниот суд го одлучи следното: 1. Реферат У.бр.138/2023 Оспорен акт: Закон за изменување и дополнување на законот за урбанистичко планирање Подносител на инцијативата: Хелсиншки комитет за човекови права претставуван од Уранија Пировска, извршна директорка Oвој предмет е одложен за следната седница, поради отсуство на судијата известител.  2.Реферат У.бр.92/2024 […]
Соопштенија
Работна средба на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и соработници на Федералниот суд на СР Германија
11/09/2024
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и судијката Татјана Васиќ-Бозаџиева денеска остварија работна средба со експерти-соработници на Федералниот Уставен суд на СР Германија.  Во фокус на средбата беа темите за надлежностите на Уставниот суд на Република Северна Македонија, актуелностите поврзани со работењето на Судот, како и новите одредби од Актот со кои се интервенира во […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Уставниот суд промовира нова веб-страница за поголема транспарентност и објективно информирање на граѓаните
10/09/2024
Уставниот суд ја промовира новата веб-страница на којашто се поставени сите информативни содржини поврзани со работењето на Судот и тековните активности. Во насока на зголемување на транспарентноста преку новиот веб сајт граѓаните имаат увид во сите одлуки и решенија на Судот од 1991 година до денес преку алатката за пребарување која со клучен збор е […]
Соопштенија
Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски упати честитка до сите граѓани по повод 8 Септември
08/09/2024
По повод денот на независноста, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија д-р Дарко Костадиновски во свое лично име и во име на Судот упатува искрени честитки до сите граѓани. -Нека денешниот празник не’ охрабри сите нас и нека претставува поттик и мотивација за секој еден да учествува и да биде дел од градењето […]
Соопштенија
Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски оствари работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава Н.Е. Петра Дрекслер
06/09/2024
Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и судијата Татјана Васиќ-Бозаџиева остварија работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава Н.Е. Петра Дрекслер.  На средбата беше изразено взаемно задоволство од досегашната соработка со германската амбасада, преку проектите со кои се промовира унапредување на слободите и правата на граѓаните и зајакнување на владеењето на правото.  […]
Меѓународни активности, Соопштенија