Соопштенија

1,067

Архива

Изберете година и месец

Годишна прес-конференција, посветена на работата на Уставниот суд на Република Северна Македонија во текот на 2024 година
19/12/2024
Ве известуваме дека на 23 декември 2024 година (понеделник) со почеток во 12 часот, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, ќе одржи годишна прес – конференција посветена на работата на Уставниот суд на Република Македонија во текот на 2024 година, во Конференциската сала на 4-ти кат, во објектот на Кеј […]
Соопштенија
Претседателот на Уставниот суд оствари средба со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Н.Е. г. Михалис Рокас
17/12/2024
Вчера, на ден 16.12.2024 година, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски и судијата м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, се сретнаа со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Н.Е. г. Михалис Рокас. На средбата, претседателот на Судот, го информираше амбасадорот на ЕУ за актуелностите, но и за предизвиците со кои се соочува […]
Домашни активности, Соопштенија
Интервју на претседателот Костадиновски за емисијата „Клик плус” на ТВ 21
13/12/2024
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски даде интервју за ТВ21, за емисијата „Клик Плус”, кадешто одговори на прашањата поврзани со последните одлуките на Судот, ја објасни постапката  и целта на подготвителната седница, одговори на повиците за оставка упатени од политичката партија ДУИ.  Претседателот Костадиновски во интервјуто напомена дека веќе е во комуникација со претставници […]
Соопштенија
Одговор за медиумите во врска со јавно објавени информации кои се поврзуваат со Законот за употреба на јазиците
09/12/2024
Во однос на медиумскиот интерес за објавени делови, наводно од реферат од Законот за употребата на јазиците и нивната веродостојност, Уставниот суд информира дека поради тајноста на постапувањето по предметот кој е во претходна постапка, нема да ги коментира медиумските објави ниту нивната веродостојност.  Уставниот суд апелира на воздржаност од ширење на информации кои може […]
Соопштенија
Претседателот на Уставниот суд оствари работна средба со амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, Н.Е.Кристоф Ле Риголер 
29/11/2024
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судиите м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева и м-р Фатмир Скендер остварија работна средба со амбасадорот на Република Франција во земјава, Н.Е. Кристоф Ле Риголер (Christophe Le Rigoleur). Претседателот Костадиновски ја нагласи важноста и интересот за континуитет во одржување на блиски односи меѓу Уставен суд на Република Северна Македонија и […]
Домашни активности, Соопштенија
Учество на судиите м-р Татјана Васиќ–Бозаџиева и м-р Фатмир Скендер на Регионална конференција на уставни судови, Тузла, Босна и Херцеговина
28/11/2024
Судиите м-р Татјана Васиќ – Бозаџиева и м-р Фатмир Скендер во периодот од 26 – 28 ноември 2024 година учествуваа на Регионална конференција на уставни судови на тема „Зајакнување на заштитата на човековите права преку уставните судови во областа на заштитата на животната средина и клима“, што се одржа во Тузла, Босна и Херцеговина. На […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски се сретна со Шејма Бабајигит, координаторка на „Тика” во Скопје
26/11/2024
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судијата м-р Фатмир Скендер остварија работна средба со претставници од Турската агенција за координација и соработка, предводени од главната координаторка за Скопје, Шејма Бабајигит. На средбата беше констатирана успешната соработка помеѓу Судот и „Тика” во изминатите години. Претседателот Костадиновски изрази голема благодарност за поддршката што ТИКА во […]
Соопштенија
Организирана пригодна свеченост по повод пензионирањето на Мирјана Лесевска, советник на Судот и шеф на кабинет
22/11/2024
Судиите и службата во Уставниот суд организираа пригодна свеченост по повод пензионирањето на советникот на Судот и шеф на кабинетот на претседателот, Мирјана Лесевска. Лесевска повеќе од половина од својот работен век го помина во Уставниот суд во одделението за стручно аналитички работи и со својот ангажман даде значаен придонес за подобрување на квалитетот на […]
Соопштенија
Студенти од Правниот факултет-Кичево во посета на Уставниот суд
21/11/2024
Студенти од Правниот факултет- Кичево беа во посета на Уставниот суд. Во рамки на посетата се информираа за надлежностите и улогата на Судот, кадровските капацитети и условите за работење во Уставниот суд.  Студентите се интересираа за начинот на кој се носат одлуките, изборот на уставни судии и информирањето на јавноста за одлуките на Уставниот суд.  […]
Домашни активности, Соопштенија