Соопштенија

1,059

Архива

Изберете година и месец

Соопштение по одржаната 27 седница на Уставниот суд
11/12/2025
Уставниот суд денеска ја одржа 27. Седница на која дискутираше по 11 предмети во кои се оспорени иницијативи за оценување на уставност и законитост и го одлучи следното:  I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ 1. Реферат У.бр.243/2024 Предлогот на судијата-известител не го доби потребното мнозинство, предметот ќе биде ставен на гласање на наредната седница. […]
Соопштенија
Уставниот суд го одбележува Меѓународниот ден на човековите права со промоција на документарец и повик за активно граѓанско учество
10/12/2025
По повод 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, и одбележувањето на 60- годишниот јубилеј, Уставниот суд објавува видео-документарец посветен на улогата и значењето на Судот во заштитата на уставноста и темелните слободи и права. Во видеото е вклучена и порака од претседателот на Уставниот суд, со повик за поголема правна култура, почитување на човековите права […]
Соопштенија
Одговор за медиумите во врска со предметот во кој е оспорен член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување
27/11/2025
Уставниот суд информира дека не е донесена конечна одлука за предметот У.бр.13/2025, за членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кој се зголемуваат пензиите (во јавноста познато како линеарно зголемување).  Судот укажува дека на 24. седница одржана на 19.11.2025 година  со мнозинство гласови, изрази сомнеж во […]
Соопштенија
Советникот на Уставниот суд, Александар Лазов учествуваше на регионална конференција за упатствата за надомест на нематеријална штета при дискриминација во организација на ОБСЕ
25/11/2025
Советникот на Судот, Александар Лазов, учествуваше на Регионална конференција посветена на промоцијата на Упатствата за надомест на нематеријална штета во случаи на дискриминација. Настанот беше организиран на 19 ноември во Балград, под покровителство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со мисиите на ОБСЕ во Босна и Херцеговина и Србија. Упатствата, кои беа презентирани […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Успешно спроведена крводарителска акција во Уставниот суд
21/11/2025
Во Уставниот суд денеска се спроведе успешна крводарителска акција, на иницијатива на вработените во Службата. Досега беа собрани 13 крвни единици. Со оваа акција, Уставниот суд ја покажува својата солидарност и се приклучува кон апелите на Црвениот крст за подигнување на свеста за важноста на доброволното дарување крв. Акцијата се реализираше во соработка со Црвениот […]
Соопштенија
Реакција на Уставниот суд за нападите упатени кон судијата Добрила Кацарска и Уставниот суд за предметот со т.н. „линеарно покачување на пензиите”
21/11/2025
Уставниот суд најостро ја осудува реториката основана на лаги и манипулации за предметот во кој се оценува уставноста на член 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во јавноста познат како „линеарно зголемување на пензиите”. Нападнати се интегритетот, самостојноста и независноста на судијата Добрила Кацарска како судија-известител, а истовремено и на Уставниот суд, преку […]
Соопштенија