Соопштенија

1,059

Архива

Изберете година и месец

Средба со д-р Штефани Рикарда Рос и г-дин Анри Боне
24/09/2009
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски денес оствари средба со д-р Штефани Рикарда Рос, директорка на Програмата за владеење на правото во Југоисточна Европа на Фондацијата Конрад Аденауер и г-дин Анри Боне, директор на Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје. Средбата беше во функција на стручната расправа што во организација […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Средба со специјалниот известувач на ООН за слободата на религијата и убедувањето
27/04/2009
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски денеска ќе оствари средба со г-ѓа Асма Џахангир, специјалниот известувач на Организацијата на Обединетите Нации за слободата на религијата и убедувањето. Средбата се остварува во рамките на официјалната посета на г-ѓа Џахангир на Република Македонија.
Меѓународни активности, Соопштенија
Поставен камен темелникот на новиот објект во кој ќе биде сместен Уставниот суд на Република Македонија
24/03/2009
На 23 март 2009 година беа поставени темелите на новата зграда во која ќе биде сместен Уставниот суд на Република Македонија. Премиерот Никола Груевски и претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски вчера го поставија камен-темелникот за изградба на објектот, а со свечениот чин што беше проследен со света литургија чиноначалствуваше Архиепископот […]
Домашни активности, Соопштенија
Годишна прес-конференција за работата на Судот во 2008 година
16/02/2009
Годишна прес-конференција за работата на Судот во 2008 година Заради остварување на определбата на Уставниот суд на Република Македонија уставните овластувања да ги врши јавно, Судот организира прес-конференција на која ќе ги презентира податоците за својата работа во 2008 година. Конференцијата ќе се одржи на 19 февруари 2009 година (четврток), во 11,00 часот, во салата […]
Соопштенија
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија на Првата светска конференција за уставна правда
29/01/2009
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија составена од претседателот на Уставниот суд д-р Трендафил Ивановски, судиите на Уставниот суд Бранко Наумоски и Игор Спировски, генералниот секретар Милица Николовска и државниот советник Татјана Јањиќ-Тодорова од 22 до 26 јануари 2009 година учествуваше на Првата светска конференција за уставна правда што се одржа во Кејп Таун […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на Светската конференција за уставна правда
20/01/2009
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Уставниот суд д-р Трендафил Ивановски, од 22 до 26 јануари 2009 година ќе учествува на Светската конференција за уставна правда што ќе се одржи во Кејп Таун, Јужна Африка во организација на Уставниот суд на Јужна Африка и Венецијанската комисија на Советот на Европа. […]
Меѓународни активности, Соопштенија