Соопштенија

1,101

Архива

Изберете година и месец

Честитка по повод 8 Септември-ден на независноста на Република Северна Македонија
08/09/2022
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска по повод денешниот ден на независноста, во свое лично име и во име на Судот упатува искрени честитки до сите граѓани на државата.  -Денешниот празник  е потсетник за одговорноста и личниот придонес на секој од нас кон остварување на владеењето на правото. Нека 8 Септември остане симбол на силната […]
Соопштенија
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија
15/07/2022
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија. Во оваа прилика претседателката Кацарска се заблагодари на интересот за работата на Уставниот суд и ги сподели информациите поврзани со надлежностите на Судот, долгогодишната традиција на уставното судство во Северна Македонија […]
Соопштенија
Посета на ученици во Уставниот суд во рамки на летна школа за правници „Копру-Скопје”
14/07/2022
Ученици организирани преку невладината организација „Копру- Скопје” присуствуваа на јавната седница која се одржа на 13.07.2022 во Уставниот суд. Во рамки на летната школа за правници учениците имаа можност непосредно да ја следат дискусијата за предметите кои беа закажани на дневен ред и да слушнат како уставните судии аргументираат ценејќи уставност и законитост на иницијативите. […]
Соопштенија
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска оствари работна средба со министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити
13/07/2022
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска во просториите на судот оствари работна средба со министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.  Темите на разговор беа административно-финансиската независност на Уставниот суд и прашањата кои се поврзани со техничките услови во коишто работи Судот. Претседателката Кацарска истакна дека вработените во службата не може да бидат […]
Соопштенија
Свеченост по повод заминување во пензија на персонал во Уставниот суд
29/06/2022
Денеска во Уставниот суд со пригодна свеченост беше одбележано завршувањето на кариерата на петмина вработени, дел од персоналот на Судот кој неуморно придонесуваше за работата на оваа институција, секој во својот делокруг на работење.  Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска и останатите судии им се заблагодарија за соработката, вложениот труд и професионалноста во изминатите години.  […]
Соопштенија
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска учествуваше на Охридската школа на природно право
28/06/2022
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска учествуваше на Охридската школа на природното право организирана од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ МАНУ и поддржана од Амбасадата на САД во Скопје. Во рамки на годинашната тема „Одржување на демократско општество преку зајакнување на неговите институции” Кацарска зборуваше за потребата од воведување на уставна тужба како нов […]
Соопштенија