Соопштенија

1,101

Архива

Изберете година и месец

По сопствена иницијатива Уставниот суд поведе постапка за одредби од Статутот на Општина Кисела Вода
05/07/2023
По сопствена иницијатива, на предлог на претседателката Добрила Кацарска Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за 3 одредби од Статутот на Општина Кисела Вода. Судот изрази сомнеж во уставноста и законитоста на Автентичното толкување на општи и посебни одредби на донесени урбанистички планови и урбанистичко планска документација донесено од Советот на Општина Кисела Вода […]
Соопштенија
Поведена постапка и донесено решение за запирање на извршувањето на Упатството во кое е опфатено водењето на матичните книги
05/07/2023
Уставниот суд денеска одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста за Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, […]
Соопштенија
Студенти и ученици од Младинската школа „Ќопру” го посетија Уставниот суд
29/06/2023
Студенти и ученици  организирани преку Правната работилница од Младинската школа „Ќопру” го посетија Уставниот суд.  Присуствуваа на 25. Седница и ја следеа дискусијата на судиите за предметот кој беше ставен на дневен ред и во кој беа оспорени 49 члена од Законот за кривичната постапка.  По завршување на седницата претседателката Добрила Кацарска ги запозна со […]
Соопштенија
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска одржа брифинг со новинарите
28/06/2023
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска одржа брифинг со новинарите на кој информираше за последните активности и предмети од интерес на јавноста. Претседателката Кацарска најави дека два суштински предмети кои го опфаќаат Преспанскиот договор и Законот за јазиците во септември или октомври ќе бидат ставени на седница и образложи дека и по две години […]
Соопштенија
Уставниот суд по сопствена иницијатива ќе ја оценува уставноста на Упатството со кое се изменува Упатството за водење на матични книги
27/06/2023
Уставните судии денеска одржаа состанок на кој едногласно одлучија да се оформи предмет во кој ќе се води постапка за оценување на уставноста на „Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, […]
Соопштенија
Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Здружението „Културен Центар Иван Михајлов- Битола”
14/06/2023
Уставниот суд денеска одлучи да ја отфрли иницијативата со која се бараше поништување на Статутот и на Програмата на Здружението Културен Центар Иван Михајлов- Битола. По утврдената фактичка состојба произлезе дека Здружението Културен Центар Иван Михајлов Битола е избришано од единствената база на податоци на Централниот регистар, односно не постои како правен субјект. Согласно овие […]
Соопштенија