Соопштенија

1,101

Архива

Изберете година и месец

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари средба со Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија
04/07/2025
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари средба со Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија.Претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот Памер за актуелностите и предизвиците со кои се соочува Уставниот суд и го запозна со приоритетите во неговиот мандат.  На средбата беше изразено заедничко задоволство од унапредување на соработката помеѓу двата уставни судови за […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Уставниот суд го одби барањето за заштита од дискриминација на подносителот Андреј Димовски
03/07/2025
Судот оцени дека не е основано барањето на подносителот Андреј Димовски во кое тврди дека е дискриминиран по основ на социјален статус повикувајќи се на член 110 алинеја 3 од Уставот, но исто така е неосновано дека Судскиот совет преку Решение за оценување на неговата работа сторил повреда на правото на еднаквост уредено со членот […]
Соопштенија
Писмен допис на претседателот д-р Дарко Костадиновски до независни советници во врска со Изборниот законик
01/07/2025
Поради повеќе прашања пристигнати до Уставниот суд, во врска со барањeто на независни кандидати од десет општини Судот да реагира на новиот Предлог-закон за измени на Изборниот законик, информираме дека Претседателот д-р Дарко Костадиновски испрати писмен допис во кој им одговори на прашањата. Ви го пренесуваме во целост:  Почитувани,  Со оглед дека Вашето барање се […]
Соопштенија
Уставниот суд го одби барањето на подносителката Билјана Ванковска-Цветковска
26/06/2025
Предмет: У.бр.165/2024 По поднесеното барање  од страна на подносителката Билјана Ванковска-Цветковска, Судот спроведе претходна постапка и го изнесе предметот на седница на која одлучи дека не може да стане збор за повреда на слободите и правата согласно членот 110 алинеја 3, односно не е сторена дискриминација по основ на политчка припадност.  За Судот е неспорен […]
Соопштенија
Уставниот суд укина одредби од Методологијата за Пописот спроведен во 2021 година
26/06/2025
Во предметот У.бр.251/2025 кој опфаќа одредби од спроведената Методологија за пописот од 2021 година информираме дека Уставниот суд со мнозинство гласови ги укина:  Дел II „Општ дел“ точка 5 потточка 1 во делот „„Вкупно резидентно население“ го сочинуваат следните лица – единици на Попис“ и потточка 2 во делот „„Вкупно нерезидентно население“ го сочинуваат следните […]
Соопштенија
Средба на претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски со новоименуваниот в.д. амбасадор на Катар Н.Е Рашид Бин Саид Ал-Хајарин
24/06/2025
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски оствари протоколарна средба со новоименуваниот вршител на должноста, амбасадор на Државата Катар, Н.Е Рашид Бин Саид Ал-Хајарин. На средбата беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката помеѓу двата уставни судови во насока на организирање дополнителни средби и активности, како и за можностите за споделување искуства и добри […]
Соопштенија