Соопштенија

1,101

Архива

Изберете година и месец

Прес -конференција на претседателот Костадиновски и судијата Кадриу по завршувањето на 5. седница
25/02/2026
По одржувањето на 5. Седница на Уставниот суд, претседателот д-р Дарко Костадиновски и судијата проф. д-р Осман Кадриу одржаа прес-конференција во врска со предмети од поголем јавен интерес.  За предметите У.бр.65/2025, У.бр.88/2025, 95/2025, У.бр.111/2025, 151/2025 Судот не поведе постапка за оценување на членовите 1 и 3 од Законот за изменување и дополнувањена Законот за пензиско […]
Соопштенија
Претседателот д-р Дарко Костадиновски на средба со амбасадорот на Црна Гора, Зоран Миљаниќ
24/02/2026
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, денеска оствари средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Северна Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата беше потврдено заемното задоволство од развојот на билатералните односи и беше истакната заедничката определба за нивно натамошно продлабочување, преку натамошно унапредување на соработката во областа на уставното судство. […]
Uncategorized, Меѓународни активности, Соопштенија
Поведена постапка за оценување на делови од Колективниот договор на УЈП кои се однесуваат на финансиската поддршка за Синдикатот
18/02/2026
На 4. седница одржана денеска, Судот поведе постапка за оценување на законитоста на член 97, ставови 6, 7, 8, 9 и 10 од Колективниот договор на Управата за јавни приходи бр.01-4228/1 од 12.07.2023 година и бр.0102-4/1 од 21.07.2023 година и не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 98 од Колективниот договор […]
Соопштенија
Прес-конференција на претседателот Костадиновски по потпишување на Меморандумот за соработка со Академијата за судии и јавни обвинители
17/02/2026
По потпишување на Меморандум за соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски денеска одржа прес-конференција на која одговори на сите прашања од новинарите. Во продолжение дел од одговорите: За изборот на проф. д-р Гоце Наумовски за нов уставен судија: Во уставното судство има неколку типа судии, кои […]
Соопштенија
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Академија за судии и јавни обвинители
17/02/2026
Денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд на Република Северна Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители, со цел унапредување на меѓуинституционалната соработка, размена на знаења и искуства, како и зајакнување на професионалните капацитети во областа на уставното право и правосудниот систем. Со Меморандумот се предвидува организирање на заеднички обуки, семинари, конференции […]
Соопштенија
Уставниот суд ќе склучи Меморандум за соработка со Академијата за судии и јавни обвинители
16/02/2026
Во насока на унапредување на меѓуинституционалната соработка и продлабочување на стручниот дијалог за уставно-правни прашања,  Уставен суд на Република Северна Македонија и Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, утре, 17.02.2026 година ќе одржат свечен настан по повод потпишување на Меморандум за соработка. Меморандумот се склучува со цел да се воспостави и унапреди соработката, […]
Соопштенија
Советникот на Судот, Мајлинда Исмаили учесник на студиска посета во Стразбур посветена на човековите права и одржлива животна средина во ЈИЕ
11/02/2026
Советникот на Уставниот суд, Мајлинда Исмаили, беше дел од учесниците на студиската посета и проектниот завршен настан „Човекови права и одржлива животна средина во Југоисточна Европа“ во Стразбур. Настанот беше посветен на унапредување на примената на стандардите за човекови права во областа на заштитата на животната средина, со посебен фокус на судската практика на Европскиот […]
Меѓународни активности, Соопштенија