Соопштенија

Февруари 2026 • 24

Архива

Изберете година и месец

Советникот на Судот, Мајлинда Исмаили учесник на студиска посета во Стразбур посветена на човековите права и одржлива животна средина во ЈИЕ
11/02/2026
Советникот на Уставниот суд, Мајлинда Исмаили, беше дел од учесниците на студиската посета и проектниот завршен настан „Човекови права и одржлива животна средина во Југоисточна Европа“ во Стразбур. Настанот беше посветен на унапредување на примената на стандардите за човекови права во областа на заштитата на животната средина, со посебен фокус на судската практика на Европскиот […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Вработени во службата на Уставниот суд учествуваа на обука за стратешко планирање и управување со човечки ресурси
11/02/2026
Вработени од стручната служба на Уставниот суд учестуваа на обука фокусирана на стратешко планирање, управување со човечки ресурси, улога на кадровскиот капацитет и евалуација, поддржана од ЕУ проектот ИПА 3. Обуката беше насочена кон унапредување на институционалното планирање, подобрување на организациските процеси и зајакнување на системот за оценување и професионален развој на административниот кадар. Посебен […]
Соопштенија
Говор на претседателот д-р Костадиновски на 9 состанок на високо ниво во Египет
08/02/2026
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски се обрати на 9. состанок на високо ниво на претседатели на уставни, врховни судови и уставни совети на Африка koj се одржува на 7 и 8 февруари во Арапската република Египет. Во фокус на настанот се современите предизвици на уставната правда. Костадиновски се обрати на сесијата посветена на […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Потпишан Протокол за соработка со Врховниот уставен суд на Арапската Република Египет
07/02/2026
Претседателот на Уставиот суд, д-р Дарко Костадиновски и претседателот на Врховниот уставен суд на Арапската Република Египет, Булос Фатимп Искандар потпишаа Протокол за соработка меѓу двата суда.Со овој протокол се воспоставува рамка за размена на судска практика, искуства и експертиза за унапредување на техниките на судско одлучување и за зајакнување на институционалната соработка меѓу двата […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Претседателот д-р Дарко Костадиновски ќе биде говорник на Меѓународна конференција за уставна правда во Арапската Република Египет 
05/02/2026
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, ќе биде  говорник на 9. состанок на високо ниво на претседатели на уставни, врховни судови и уставни совети на Африка. Во фокус на Меѓународна конференција која се одржува на 7 и 8 февруари во Арапската Република Египет се современите предизвици на уставната правда. Судијата […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Поведена е постапка од Законот за плати и надоместоци на функционерите во делови кои се однесуваат на уставните судии
04/02/2026
На 3. Седница на Уставниот суд која се одржа на 4 февруари 2026 година, Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 14 во делот „претседател на Уставниот суд на Република Македонија и“ и член 15 во делот „судија на Уставниот суд на Република Македонија,“ од Законот за плата и други надоместоци на избрани […]
Соопштенија
Презентирана Функционална анализа за унапредување и управување со процесите на организација на работата во Уставниот суд
03/02/2026
Во Уставниот суд се одржа тркалезна маса на тема „Унапредување на функционирањето на Уставниот суд преку подобрена внатрешна организација, управување со Судот и водење на предмети, како и оценување и обука на персоналот“. Во фокус на настанот беше презентацијата на  Функционалната анализа и континуираната обука на службата како клучни инструменти за унапредување на ефикасноста, транспарентноста […]
Соопштенија
Судиите Татјана Васиќ-Бозаџиева и Осман Кадриу на средба со претседателот на ЕСЧП, Матијас Гијомар
02/02/2026
Судиите на Уставниот суд проф. д-р Осман Кадриу и м-р Татјана Васиќ- Бозаџиева   остварија средба со претседателот на Европскиот суд за човекови права, Матијас Гијомар во Стразбур. Во рамки на средбата беа разгледани можностите за идно институционално поврзување, со посебен фокус на развојот, обуката и унапредувањето на професионалните капацитети на служба на Судот, како […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Делегација на Уставниот суд учествуваше на Годишното отворање на судската година во Судот во Стразбур
02/02/2026
Делегација на Уставниот суд предводена од судиите проф. д-р Осман Кадриу и м-р Татјана Васиќ- Бозаџиева учествуваше на свеченото отвoрање на судиската година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Покрај традиционалното отворање на судската година, се одржа и семинар во чијшто фокус беше темата „Заштита на медиумскиот плурализам и демократскиот процес во предизвикувачки […]
Меѓународни активности, Соопштенија