-
Дневен ред за 22. седница на Уставниот суд закажана за 6 јуни 2023 година
Уставниот суд ќе ја одржи 22. седница на 6 јуни 2023 година со почеток во 9:30 часот, со дневен ред на кој ќе се дискутира по три иницијативи за оценување на уставност и еден предлог за одлучување со нацрт-одлука: Реферат У.бр.28/2023 Оспорен: Членовите 153-а и 155-а од Изборниот законик Подносител на иницијативата: Страхил Гавритов Од…
-
Соопштение по одржаната 21. седница на Уставниот суд
По одржаната 21. седница на која се дискутираше по четири иницијативи за оценување на уставност Уставниот суд го одлучи следното: Реферат У.бр.16/2023 Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 99 став 5 во делот „правосилни“ од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/2006, 62/2006, 35/2008, 50/2010, 83/2018 и 198/2018…
-
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија во студиска посета на Република Хрватска
Петчлена делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија беше дел од студиска посета на Република Хрватска со цел запознавање и размена на најдобрите искуства од уставно-судската пракса на хрватскиот Уставен суд. Во текот на посетата се организираше работилница со фокус на запознавање со хрватскиот модел на уставна жалба, од основни информации поврзани со правната…
-
Оформени 9 нови предмети во Уставниот суд во периодот од 20-30 април 2023 година
Во периодот од 20 до 30 април во Уставниот суд беа оформени 9 нови предмети по претходно поднесени иницијативи од граѓаните. Сите овие предмети се предадени на работа кај тимови од советници и судии и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативите и…
-
Соопштение по одржаната 20. седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 20. седница со дневен ред на кој се дискутираше по три иницијативи за оценување на уставност и одлучи: Реферат У.бр.14/2020, У.бр.36/2020 и У.бр.192/2020 Нe се поведува постапка за оценување на уставноста на Законот за јавното обвинителство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/2020) во целина и посебно оспорените член 4…
-
Дневен ред за 20. седница на Уставниот суд закажана за 23 мај 2023 година
Уставниот суд ќе ја одржи 20. седница на 23 мај (вторник) во 9:30 часот со дневен ред за кој се предвидени три иницијативи за оценување на уставност и предлог за одлучување по еден предмет. I РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИТЕ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА: Реферат У.бр.14/2020, У.бр.36/2020 и У.бр.192/2020 Оспорени акти: 1. Указ за…
-
Уставните судии се сретнаа со Рајнер Вилант, потпретседател на Европскиот Парламент и член на Комитетот за уставни прашања
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска заедно со сите судии остварија средба со Рајнер Вилант, потпретседател на Европскиот Парламент и член на Комитетот за уставни прашања на Европскиот Парламент. На средбата се дискутираше за актуелните предизвици, како што е неизбирањето на уште двајца уставни судии од страна на Собранието, начинот на работа во Уставниот суд…
-
Соопштение по одржаната 19. седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 19. Седница со дневен ред на кој беа дискутирани две иницијативи за оценување на уставност, едно барање за заштита на слободите и правата, и предмет за решавање на судир на надлежност и одлучи: 1. Реферат У.бр.64/2021 Се поведува постапка за оценување на Член 205 од Законот за облигационите односи („Службен…
-
Формирани нови 11 предмети во Уставниот суд во периодот 1-20 април 2023 година
Во периодот од 1 до 20 април во Уставниот суд беа оформени 11 нови предмети по претходно поднесени иницијативи и барања од граѓаните. Сите овие предмети се предадени на работа кај тимови од советници и судии и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во…
-
Соопштение по одржаната 18. седница на Уставниот суд
Уставниот суд ја одржа 18. седница на 10.05.2023 година на која беа разгледани четири иницијативи за оценување на уставност и законитост и две барања за заштита на слободи и права и беше одлучено следното: 1. Реферат У.бр.22/2020 и У.бр.231/2020 Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 110 од Законот за Јавното обвинителство…
-
Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации
Уставниот суд информира дека не поведе постапка за оценување на уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, што значи дека овие законски измени остануваат во правниот промет. Уставниот суд оцени дека се неосновани наводите во иницијативата дека оспорените измени и дополнувања се во спротивност со членот 16 од Уставот…
-
Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставност на членот 110 од Законот за Јавното обвинителство
Поради интерес на јавноста Уставниот суд информира дека одлучи да не поведе постапка за оценување на уставност на членот 110 од Законот за Јавното обвинителство оспорен во предметите У.бр.19/2022 и У.бр.39/2022, што значи тој член останува во правниот промет. Имено, Уставниот суд оцени дека во функција на заштита на уставно загарантираните основни слободи и права…