Судијата проф. д-р Осман Кадриу во изјава за медиумите ги образложи аргументите за поведување на постапка во која ќе се оценува уставноста и законитоста на член 4 став 7 од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија.
- Обвинителската функција и нивната работа се цени со позитивна и негативна оценка. Унапредувањето во кариерата се добива само за работните задачи и сработеното, а обвинителите додека се членови на Советот на јавни обвинители и правно и објективно и фактички и физички не работат како обвинители. Нивната функција е во мирување вршат други работи и не претставуваат квалификации на обвинителската дејност, изјави судијата Кадриу.
https://www.facebook.com/share/p/18cF1f9nQb
*Видеото е преземено од МИА