На денешната седница Уставниот суд не донесе одлука за предметот У.бр.186/2026 во кој се оспорени членовите 17 и 18 од Изборниот законик, поради тоа што предлогот за поведување на постапка и оценување на уставноста на оспорените одредби не го доби потребното мнозинство на гласови.
Согласно спротивставените размислувања на судиите, кои беа изнесени и во текот на седницата, но и при гласањето дојде до изедначување на гласовите, имајќи во предвид дека денеска на седница беа присутни 8 од вкупно 9 судии.
Ова значи дека дискусијата е исцрпена за овој предмет, но, постапката и понатаму останува отворена, по што Судот во полн состав од 9 судии ќе гласа за предметот наредната седница.
Повеќе за иницијативата и оспорените членови : https://ustavensud.mk/archives/32443